Насловна / Вести / Далноводот Битола – Елбасан ќе биде изграден до 2017 година

Далноводот Битола – Елбасан ќе биде изграден до 2017 година

dalnovod bitola elbasan_resize
Министерот за економија Валон Сарачини, по средбата со министерот за енергетика и индустрија на Република Албанија, Дамјан Ѓикнури, на која се разговарало за ХЕ „Луково Поле“, за соработка во рударството, за нови локации за изградба на мали хидроелектрани за кои има заинтересирани албански компании за инвестирање, исто така соопшти дека наскоро ќе почне изградбата и на далноводот Битола- Елбасан. „Изградбата на далноводот Битола-Елбасан ќе значи многу за енергетската, но и за економската состојба во Македонија. За проектот од наша страна веќе е изработена физибилити студија и студија за животна средина. Очекуваме во наредниот период да се изработи техничка документација, за што е обезбеден грант од еден милион евра од Европската банка за обнова и развој. Со ЕБОР сме во завршни преговори и за обезбедување кредит во вредност од 45 милиони евра колку што се потребни за реализација од наша страна“, рече Сарачини. Според плановите, далноводот треба да биде изграден до 2017 година.

Испрати коментар

Scroll To Top