Насловна / Архитектура / Dalmatia Tower, највисоката зграда во Хрватска добитник на меѓународното признание

Dalmatia Tower, највисоката зграда во Хрватска добитник на меѓународното признание

Највисоката зграда во Хрватска, облакодерот Dalmatia Tower висок 135 метри, добитник е на меѓународното признание на European Property Award во категоријата најдобро архитектонско решение за комерцијална висококатница.

1

„Мило ми е што проектот беше признат од меѓународното жири. Сметам дека Dalmatia Tower значително придонесува за визуелниот идентитет на Сплит, а ваквите меѓународни признанија само придонесуваат за препознатливоста и квалитетот на Сплит како дестинација, пред се затоа што хотелот Marriott е одличен додаток на понудата на градот. Квалитетот на нашиот проект, висококатната деловна зграда, како што го нарече жирито, ги надминува тесните рамки на Сплит, Далмација и Хрватска и нè става покрај врвните достигнувања во цела Европа, “ изјави архитектот Ото Бариќ, автор на проектот.

0

European Property Award е синоним за извонредност во секторот на недвижности, а на церемонијата во Лондон беа доделени награди во четири категории: архитектура, градежништво, ентериер и работа со недвижности, а најдобрите меѓу нив ги бираа повеќе од 80 меѓународни судии.

Дури 42 судии учествуваа во одлучувањето за најдобрите архитектонски проекти, меѓу кои и Yama Karim, партнер во познатото њујоршко студио Libeskind te Matt Gaskin, директор на школата за архитектура на Универзитетот Oxford Brookes.

Летово управата на градот Сплит одби да и издаде дозвола на компанијата Westgate tower за измена на градежната дозвола за 27-катната Dalmatia Tower, бидејќи извршените работи на последниот кат се разликуваат од она што е претставено во конкурсното решение.

2

„Обликовното решение на последниот кат во конкурсното решение беше различно, но не станува збор за големо отстапување“, изјави раководителот на Управното одделение за просторно планирање, уредување и заштита на животната средина во Градската управа, Тео Војковиќ.

Dalmatia Tower е највисоката деловна кула во Хрватска, со вкупна висина, вклучувајќи ја и антената, 135 метри. Одбивањето да се издаде дозволата се случи за време на завршните работи и во пресрет на претстојниот технички преглед и официјалното пуштање на кулата најавено за оваа есен.

Сплитскиот градоначалник Ивица Пуљак го коментираше одбивањето да се издаде градежна дозвола со зборовите дека „правилата важат за сите подеднакво – и за продавачите на пазарите и за најголемите инвеститори, за трафика и за највисок облакодер во Хрватска“.

Спорот меѓу општината и инвеститорите продолжува, а последниот збор може да го има Министерството за градежништво. Дали политиката повторно ќе му попушти на капиталот, се прашуваат во Хрватска?

Испрати коментар

Scroll To Top