Насловна / Архитектура / Дали зградите од дрво се едно од решенијата за енергетската одржливост?!

Дали зградите од дрво се едно од решенијата за енергетската одржливост?!

Урбанизацијата и рапидниот пораст на популацијата ја поставуваат повисоко глобалната побарувачка од енергија. Настојувањето да се задоволи растечката потрошувачка на енергија станува еден од најголемите предизвици на нашето време. Постојано се градат нови згради за да се обезбеди простор за растечката популација, но животниот циклус на една зграда е еден од енергетски наијнтензивните процеси во светски рамки. Зградите, градежните материјали и споредните компоненти трошат речиси 40% од глобалната побарувачка на енергија. Производството на цемент пак е веќе одамна етаблирано како сериозен загадувач. Цементната индустрија е одговорна за 5% од вкупните глобални емисии на CO2.

MIT1

MIT2

Во настојувањето да ја направат градежната индустрија поодржлива и еколошки поодговорна, градежниците и архитектите денес се обидуваат да го реинкорпорираат дрвото како градежен материјал. Новите технологии се обидуваат да го заменат армираниот бетон со конструкции од масивно дрво. Некои Универзитети, како што се  MIT и University of Maryland се пионери во изведба на нови техники и реадаптирање на дрвото во модерниот свет. Бетонските армирани конструкции секако се сметаат за долгорочни решенија. Но, многу често ваквите објекти намерно се рушат за да се изгради нешто ново и поинакво, многу порано отколку што трае нивниот корисен животен век. Со цел да ги смени предрасудите кои стојат зад конструкциите од дрво, група истражувачи од MIT поведоа иицијатива за истражување на конструкциите од дрво, со намера да докажат дека тие може да бидат исто така цврсти и долговечни како конструкциите од бетон.

MIT3

Концептот кој тие го предлагаат е наречен  Longhouse. Развиен е од страна на мултидисциплинарен тим кој ја истражува архитектурата низ интегриран пристап со модерната технологија. Новата зграда ќе биде и производител на енергија. Секако, таа е еколошки и економски во предност пред класичните градби, но мора уште да се работи на подобрување на конструктивните особености на дрвото. На долг рок, ова е решение кое многу ветува особено поради фактот што дрвото резултира со 26 до 31% пониски емисии на стакленички гасови во текот на животниот циклус споредено со еквивалентните објекти од бетон.

MIT5

MIT6

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top