Насловна / Екологија / Дали вложувањето во фосилните горива наскоро ќе биде неисплатливо?

Дали вложувањето во фосилните горива наскоро ќе биде неисплатливо?

land-based-oil-drilling-rig
Банкарите се загрижени: дали е сè уште профитабилно да се инвестира во фосилни горива? Ригорозната регулатива во областа на заштита на климата, предизвика сериозна полемика по ова прашање. Дали преостанатото фосилно богатство би можело засекогаш да остане под земја? Сè започна со писмото на гувернерот на Банката на Англија, Марк Корнеј, со кое им се обрати на пратениците во британскиот парламент на крајот на октомври. Тој во таа пригода ја опиша интерната дебата за тоа дали резервите на јаглен, нафта и гас во иднина ќе бидат достапни на индустријата за фосилни горива.

„Глобалните финансиски гиганти не сакаат да ги зголемат инвестициите во фосилни горива. Климатските промени го загрозуваат капиталот“, вели Георг Кел, директор на ОН Глобал Компакт, во изјава за Deutsche Welle. За првпат инвеститорите сфаќаат оти развојот на нивните инвестиции е загрозен.

Естер Кришилес од Институтот на германската економија, пак, смета оти ризикот сепак не е толку голем, сигурно не „во блиска иднина“. Таа смета дека фосилните горива се, и тоа како, сè уште „актуелни“. Најголем раст бележат земјите во развој и земјите во брз развој „а токму таму е тешко да се спроведе намалување на емисиите на јаглерод диоксид“, вели експертот за енергетика. „Значи, не треба да се прави радикална промена на курсот“, подвлекува Кришилес.012013_courtesy3

Испрати коментар

Scroll To Top