Насловна / Вести / Дали универзалниот пристап до електрична енергија до 2030 година е сеуште достижна цел?

Дали универзалниот пристап до електрична енергија до 2030 година е сеуште достижна цел?

За прв пат после цела деценија, во 2022 година забележан е раст на бројот на луѓе кои немаат пристап до електрична енергија, достигнувајќи 760 милиони. Двојниот удар кој го зададоа пандемијата и енергетската криза секако имаше свое влијание, а последиците се најизразени во подсахарска Африка, каде четворица од пет луѓе живеат без струја. Сепак, прелиминарните податоци од 2023 година, покажуваат дека оваа бројка може да падне на 745 милиони, токму поради подобриот тренд во подсахарска Африка, после катастрофалните резултати три години по ред.

SDG1

Во периодот од 2019 до 2022 година, прекините во снабдувањето и финансиските предизвици доведоа до ограничување на пристапот до електрична енергија. Земјите како ДР Конго, Етиопија и Уганда се посебно погодени. Но, оптимистички се вестите во однос на пробивот на обновливи извори на енергија во бројни домаќинства, посебно во Нигерија и западна Африка. Во Азија, Пакистан е во исклучително тешка ситуација, бидејќи 40% од популацијата е без струја, особено после поплавите во 2022 година. Од друга страна Бангладеш бележи напредок, односно има речиси целосна електрификација. Камбоџа и Филипини исто така бележат напредок и покрај кризата.

sdg2

Сепак, остануваат бројни предизвици. За да се постигне амбициозната Цел 7, од целите за одржлив развој на ОН (SDG7) – универзален пристап до сигурна, достапна и модерна енергија до 2030 година, потребно е повеќе од 120 милиони луѓе да добиваат пристап секоја година. Но, во 2023 година извесно е дека овој број ќе биде помал од 30 милиони луѓе. Според тоа, актуелниот тренд не оди во прилог на остварување на зададената цел. Како најголема бариера се појавува финансирањето. Меѓународната агенција за енергија (IEA), во соработка со групата на Африканската развојна банка, истакнува дека е неопходна годишна инвестиција од 22 милијарди долари за електрификација на Африка до 2030 година. Во моментот инвестициите не надминуваат 15% од оваа проектирана вредност.

Испрати коментар

Scroll To Top