Насловна / Екологија / Дали „Тојота“ наскоро ќе запре со производство на возила на фосилни горива?

Дали „Тојота“ наскоро ќе запре со производство на возила на фосилни горива?

SONY DSC

Јапонскиот производител на автомобили има амбициозни планови за намалување на емисијата на штетни гасови до 2050 година, меѓу кои е идејата за запирање на производството на возилата кои користат фосилни горива. Наместо обичните возила на бензин и дизел гориво, планираат производство на хибридни возила и возила со горивни ќелии. Компанијата „Тојота“ вети дека ќе ги вклучи владите, компаниите и други засегнати страни од индустријата, во проектот за  намалување на издувните гасови од своите возила до 2050. година за 90% во  однос на нивоата од 2010 година.

Официјалните лица од „Тојота“ велат дека компанијата не планира производство на електрични автомобили како  компанијата „Нисан“ која се залага за такви возила кои воопшто не испуштаат штетни гасови. „Тојота“ предвидува дека до 2050. година годишно ќе продава 30.000 возила со горивни ќелии кои користат водород. Тое е 10 пати повеќе од проекцијата за 2017 година. Исто така, овој гигант продолжува со производството на хибридни возила кои користат и погон на фосилни горива и електрични погон. Моделот „тојота приус“ е најпродаваниот хибриден модел на автомобил со околу четири милиони продадени  возила  годишно ширум светот.

toyota-prius-hybrid-logo

„Можеби мислите дека  35 години е многу долг период. Но, тоа што  производителот замислил да ги укине сите мотори со согорување е прилично необично“, вели претставникот на „Тојота“, Кијотака Исе.

Исе сепак признава дека моторите на фосилни горива ќе останат на помалку развиените пазари, но  во помал број. Иако во „Тојота“ инсистираат дека  нивната визија за авто-индустријата без мотори со внатрешно согорување  е неизбежна, сепак поделени се мислењата  дали  возилата на фосилни горива потполно ќе  исчезнат, бидејќи  сега постојат „зелени“ мотори, како и чиста дизел технологија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top