„Според каталонските симболи, црната е боја на тагата, а жолтата е боја на срамот. Како и сè во Барселона, ова е сеќавање на Гауди “- ова е легендата што кружи во овој прекрасен град. И навистина, Антонио Гауди загинал токму во овој град, каде како најпознат архитект и самиот работел на некои од најпрепознатливите симболи на Барселона, како што е Саграда Фамилија.
На 7. јуни 1926. година, Антонио Гауди го прегазил трамвај. Кога остарел, тој не се грижел многу за себе, изгледал мошне немарно, така што никој не го препознал во моментот на несреќата. Поради занемарениот изглед и празните џебови, таксистите одбиле да го возат во болница, плашејќи се дека нема да може да плати за возењето. Никој не го препознал познатиот архитект на Барселона сè додека неговите пријатели не го нашле следниот ден во болница за сиромашни. Кога сакале да го пренесат во подобра болница, тој одбил. Починал два дена подоцна, оплакуван од целиот град. Од оваа причина трамваите биле повлечени од улиците на Барселона…
Наводно градот им наредил на таксистите засекогаш да бидат во бојата на жалоста поради големиот Гауди, затоа што не го превезле во болница кога се случила несреќата.
Со дозвола на Папата и државните власти, тој е погребан во портата на црквата Саграда Фамилија, на која и ги посветил последните 43 години од животот. И тогаш, градскиот совет на Барселона, наводно им наредил на сите таксисти засекогаш во градот да ја носат бојата на жалост поради големиот Гауди и бојата на срамот поради човечката немилосрдност.
Интересна легенда, нели? Но, штета што не е потполно точна. Како и секогаш, приказната има некоја врска со пари.
Имено, во 1924. година, градските татковци донеле одлука дека, сите такси возила во Барселона мора да имаат линија под прозорецот која овозможува полесно идентификување. Линиите можеле да бидат црвени, бели, сини или жолти во зависност од цената на услугите. Кога поради одржувањето на ЕХРО во Барселона 1929. година, бројот на такси возила бил драстично зголемен од 250 на 4.000, се појавиле бројни нелегални таксисти и многу од нив неправедно ги зголемиле цените, фрабајќи ги возилата во бои кои им одговарале. Затоа градскиот совет донел одлука дека црно-жолтата комбинација е официјалната боја на такси возилата во Барселона.
Не е Барселона единствениот град каде се такси возилата во црно-жолтата комбинација. Меѓу другите градови каде се користат овие бои е и аргентинскиот град Росари, родното место на светската ѕвезда на фудбалскиот клуб Барселона, Лионел Меси.