Насловна / Вести / Дали светот има контрола врз најопасните хемикалии?

Дали светот има контрола врз најопасните хемикалии?

Меѓународни стручњаци неодамна се собраа во Велика Британија со цел да ги тестираат примероците од нервниот гас кој бил користен во обидот за убиство на поранешниот шпион и неговата ќерка. Британската влада тврди дека во нападот е употребена супстанцата новичок – група нервни агенси кои Русија, која од страна на Лондон се посочува како одговорна за нападот, „го складира во големи количини“.

Поттикнати од овој настан, новинарите од BBC се осврнаа на темата за контролата врз опасните хемикалии. Меѓународната Организација за забрана на хемиско оружје (OPCW),  е одговорна за оваа контрола, односно одредува што е дозволено и што не е дозволено кога станува збор за многу токсични хемикалии. Правилата се одредени на Конвенцијата за хемиско оружје во 1997, која е потпишана од страна на 192 земји. Само четири земји не се потписнички на оваа Конвенција – Северна Кореја, Израел, Египет и Јужен Судан. Со Конвенцијата, земјите се согласиле дека никогаш нема да произведуваат, складиштат или да користат хемиско оружје – ниту дека ќе им помагаат на другите да го сторат тоа. Од нив исто така се очекува да ги пријават сопствените залихи на хемиско оружје и местата на кои тоа би можело да се прозиведува. Пропишани се и рокови за уништување на постоечките залихи. Речиси сите земји ги почитуваат роковите, со исклучок на Русија и САД.

Новичоците – за кои има сомневања дека се употребени во нападот на Скрипаљови, не се пријавени во Организацијата за забрана на хемиско оружје, односно тие никогаш не подлежеле на било каков процес на контрола, делумно и поради фактот што нивниот хемиски состав не е во целост јасен.

OPCW 1

Испрати коментар

Scroll To Top