Насловна / Арт и дизајн / Дали сте расположени за Teslaquilа на Илон Маск?

Дали сте расположени за Teslaquilа на Илон Маск?

Дали се сеќавата кога Илон Маск во 2018. година на први април твитна за лансирање на Teslaquilа? Иако тогаш веројатно станувало збор за шега, сега веќе не е.

т0_resize

Гигантот на електрични автомобили започна да го продава пијалокот, кој доаѓа во шише во форма на гром. Tesla овој месец лансираше 250 шишиња со текила, продажбата беше ограничена на две шишиња по купувач, но распродадени се за неколку часа. Пијалокот е направен како дело на Nosotros Tequila, при што созрева во буриња од француски даб, текилата има вкус на сушено овошје и ванила, со нота на цимет.

т_resize

Сеуште нема информација дали е во план пуштање на нов контигент, но веќе сега празните шишиња можат да се купат преку eBay, по цејна три пати поголема од оригиналната, која изнесувала 250 долари.

т3_resize т4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top