Насловна / Вести / Дали САД воведува цензура за климатските промени?

Дали САД воведува цензура за климатските промени?

Klimatski promeni Obama

По се изгледа новата американска влада не можеше да одолее на веќе ноторната пракса во земјите од Југоисточна Европа во времето на преземањето на власта, а тоа е отстранување  на сите информации кои би можеле да и наштетат, а се јавно достапни на одредени службени интернет-страници.

Klimatski promeni Obama1

Имено, само неколку часови по инаугурацијата на Трамп, од службените интернет-страници на Белата куќа тргнати се сите инфрмации во врска со климатските промени и обновливи извори на енергија.

 

KLimatski promeni Tramp

Тие страници и информации во целост се заменети со нови, посветени на новата енергетска политика под името „Америка на прво место“, со која се предвидува реафирмирање на фосилните горива.

Во врска со ова, германското еколошко здружение „Германска помош за животната средина“ (Deutsche Umwelthilfe – DUH), објави дека Европската Унија ќе мора да ја преземе лидерската улога во борбата со климатските промени и во таа насока да им понуди техничко партнерство на Кина и Индија.

Испрати коментар

Scroll To Top