Поради политиката која датира уште од поранешниот претседател Шарл де Гол, Франција добива околу 70% од електричната енергија од нуклерани електрани, што е повеќе од било која друга земја. Франција исто така е најголем нето извозник на електрична енергија произведена со оваа технологија, со што остварува приход од над 3 милијарди евра годишно. Но, воениот удар во Нигер и непотврдените извештаи дека таа земја планира да ја сопре испораката на ураниум во Франција, сериозно ги актуелизираат прашањата за енергетската иднина на Франција.
„Нигер ги снабдува француските нуклеарки со ураниум. Потсетник: Нуклеарната енергија не ја гради енергетската независност“, напишала на Twitter Sandrine Rousseau, политичарка од редовите на француските „зелени“. Дали навистина ќе се случи прекин на испораките е дискутабилно, бидејќи малку е веројатно дека Нигер може да најде нов купувач, за да не доживее остар економски пад. Имено, околу 33% од извозот на Нигер завршува во Франција, и притоа речиси во целост е нуклерано гориво.