Има најави дека бугарската влада ќе побара од парламентот да ја укине забраната за развој на проектот за изградба на нуклеарната централа Белене, со инсталирана моќност од 2000MW, а со крајна цел подготовка за привлекување странски инвеститори заради обезбедување одржливост на проектот. Кинеската државна нуклеарна компанија CNNC веќе ја има потврдено својата заинтересираност за проектот. Бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова изјавила дека до крајот на годината би требало да биде распишан тендер за избор на стратешки партнер за електраната, која според некои проценки би требало да чини најмалку 10 милијарди евра.