Насловна / Архитектура / Дали некогаш ќе ни досадат кровните градини?

Дали некогаш ќе ни досадат кровните градини?

Дали кровните градини какви што ги знаеме денес се само прашање на тренд, моментална фиксација или се ренесансни креации, е прашањето што авторот Matt Alderton го поставува за Redshift, списание под покровителство на Autodesk.

Факт е дека кровните градини стануваат се побројни ширум светот. Меѓутоа, како што пишува Alderton, ниту овој тренд не се појавил сам по себе. Во 1990-тите, Американскиот совет за зелена градба (Green Building Council)  воспоставил сертификат Leadership in Energy and Environmental Design (LEED), благодарение на кој одржливата градба доби многу поголемо значење и на тој начин ги охрабри дизајнерите, архитектите и инвеститорите да размислуваат повеќе и повеќе во оваа нова, еколошка, или „зелена“ насока. После тоа, кровните градини почнаа да цветаат.

1

Сега веќе класичен пример на зелени кровови во срцето на Њујорк

Првата генерација на кровни градини повеќе помагала на планетата отколку на корисниците. Меѓутоа, барањата на корисниците почнале да го менуваат дизајнот на овие зелени оази, па денес имаме кровни градини каде што луѓето можат да шетаат, да седнат на кафе и да учествуваат во разни активности. На овој начин, кровните градини станаа не само луксузни јавни простори, туку и стандард. Во развиените земји, речиси се подразбира дека секоја нова зграда ќе има барем едно ниво на кровна градина. Кровот, со други зборови, конечно е окупиран!

Екологија која носи профит

Во својот текст Alderton објаснува дека инвеститорите не градат вакви проекти само заради екологијата и благосостојбата на корисниците. Првата и основна причина за креирање зелени градини какви што ги знаеме денес е всушност комерцијализацијата на просторот: покривот добил употребна вредност и сега од него може да се извлече профит.

0

 Tommie Hotel, Лос Анџелес, Steinberg Hart 

„Тоа е чист економски модел“, објаснува архитектот Simon Ha од бирото Steinberg Hart од Лос Анџелес, меѓу чии клиенти се наоѓаат и луксузни угостителски ланци. Овие хотели ги користат своите бујни, беспрекорно дизајнирани кровни градини со богата угостителска понуда за да привлечат поголем број клиенти, а конкуренцијата во оваа сфера со годините станува се поголема. „Нашите клиенти сакаат нешто што ќе ги издвои од останатите, а кровните градини дефинитивно успеваат во тоа, а истовремено носат огромни суми пари на хотелот“.

Уживањето сепак загарантирано

2

Salesforce во Сан Франциско, PWP 

Постои уште еден аспект на кровните градини што не смееме да го игнорираме, а тоа е дека корисниците навистина ги сакаат. Во големите рамни градови, кога стојат на врвот на зграда е како освојување на планина, а квалитетниот дизајн на кровните градини може само да го подобри тоа чувство.

Одличен пример е кровната градина на врвот на Транзитниот центар Salesforce во Сан Франциско. Центарот на својот кров има 13 градини, централен тревник со дрвја и ливада за пикник. Тука се уште и и бројни подвижни столчиња и маси, амфитеатар со 800 седишта, долго шеталиште и ресторан. Покрај тоа, низ целиот парк се расфрлани убаво дизајнирани клупи каде вработените во центарот можат да се релаксираат за време на паузи. Пректот на овој голем парк, кој се простира на речиси 22.000 метри квадратни, е потпишан од врвна фирма за пејзажна архитектура PWP Landscape Architecture.

3

Salesforce во Сан Франциско, PWP 

Предизвици при проектирање на зелени кровови

Сепак, да се осмисли зелена оаза среде прометни градови не е воопшто лесно и главниот предизвик во нивниот дизајн е обично ориентацијата, но и изложеноста на сонце и топлина. Прегревањето на кровните градини е огромен проблем кој делумно може да се спречи со избор на лесни материјали за градба, а посебно внимание се посветува на видот на растенијата што се насадени таму. Имено, треба да се има предвид дека овие услови не се погодни за сите видови растенија и дека настрешниците се практично неопходни. Посебните климатски и географски услови носат со себе дополнителни предизвици со кои професионалците од бироата за пејзажна архитектура мора да бидат способни да се справат, за проектот за кровна градина воопшто да успее.

4 (1)

Baptist Health South Florida, Perkins+Will 

Висината и изложеноста на крововите исто така ги прават магнети за топлина. „Се обидуваме да користиме многу лесни материјали за да го задржиме топлотното оптоварување од кровот“, вели архитектот Kricket Snow, соработник на директорот во Perkins+Will Miami. Фирмата проектирала зелен кров на Baptist Health South Florida, амбулантски објект со велнес центар кој го користи кровот за физикална терапија и часови по јога.

01

Baptist Health South Florida, Perkins+Will 

Архитектите мора да ја земат во предвид и дополнителната тежина на кровните градини и мора креативно да ја сокријат наметливата механичка опрема, која обично е поставена на крововите.  Како што на пример направиле архитектите од бирото Perkins+Will на болницата Baptist Health на Флорида. Во Salesforce Park архитектите создале насипи, обраснати „ридчиња“ за да ги прикријат лифтовите и отворите за вентилација. И конечно, локалните градежни прописи ги диктираат безбедносните карактеристики како што се заштитните огради, барањата за излез и ограничувањата на зафатеноста, а сето тоа им поставува ограничувања на архитектите.

Секоја зграда има потреба од кров. Но, дали на секоја зграда и е потребна кровна архитектура?

Веројатно не, но нема да ја спречи нивната изградба. За десет години, мислам дека малку ќе се забави со зелени кровови, но нема да исчезнат“, вели Wilcox од Perkins+Will. „Нашата планета ќе биде се понаселна, па така мораме да ја максимизираме целата површина во развојот“.

Испрати коментар

Scroll To Top