Дали значењето на оваа вековна мисла е точно и денес? Група од тројца научници: информатичар, урбанист и специјалист за дизајн, решиле малку да се забавуваат и да се обидат да докажат дека навистина сите патишта водат во Рим, и тоа не само на стариот континент туку и во САД. Резултатите се фрапантни – дури 500.000 патишта во Европа водат до Рим.
Се работи за форма на “Data art” при што анализирана е површина од 26.503.452 km2 околу градот на седумте ридови, и го означиле Вечниот град како „0“ точка во споредба со остатокот од континентот.
Откако биле идентификувани точно 486.713 појдовни точки во Европа кои водат до Рим, научниците се обиделе да докажат дека иистото ќе важи и за другите 10 градови наречени „Rome“ кои се лоцирани во САД, главните градови на сојузните држави во САД и европските престолнини се вклопуваат во концептот.