Насловна / Вести / Дали кинески брод е одговорен за хаваријата на Балтичкиот гасовод?

Дали кинески брод е одговорен за хаваријата на Балтичкиот гасовод?

Истрагата на штетата на гасоводот „Балтички интерконектор“, во моментот е фокусирана на улогата на кинескиот контејнерски брод NewNew Polar Bear, соопштува финската Национална канцеларија за истраги (NBI). Истата канцеларија објавила дека причината за хаваријата на интерконекторот помеѓу Естонија и Финска, не е експлозија, како што се сметало досега, туку механичка штета, бидејќи е пронајден „тежок предмет“ на морското дно кој се доведува во врска со инцидентот.

inter1

Со криминалистичкото истражување, полицијата утврдила дека движењето на бродот NewNew Polar Bear под знамето на Хонг Конг, се поклопува со времето и местото на оштетувањето на гасоводот. Затоа, истрагата сега е фокусирана на ова пловило, иако не се исклучува и улогата на рускиот брод „Севморпут“, кој во моментот на инцидентот бил на истото подрачје. 

inter2

 

Испрати коментар

Scroll To Top