Насловна / Вести / Дали јагленот може да биде „чист“?

Дали јагленот може да биде „чист“?

Јагленот се смета за еден од најголемите загадувачи, бидејќи со емитување на CO2 придонесува за глобалното затоплување и е штетен за околината. При процесот на согорување, тој испушта јаглерод диоксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, како и цврсти честички: пепел, саѓи, метал, односно супстанции кои се таложат во атмосферата и со тоа многу загадуваат. Сè додека фосилните горива се најевтини, тие ќе продолжат да се користат, па затоа научниците почнаа да се интересираат дали јагленот може да биде „чист“.jaglen cist (5)

Проблемот со алтернативните извори на енергија е во тоа што треба да помине долго време пред навистина да почнат да се применуваат и да функционираат на она ниво како што е развиено користењето на јагленот. Затоа и се налага потребата да се вложи во нова технологија поврзана со заробување и складирање на јаглерод диоксид. Дали јагленот може да биде чист? Секако дека не, но на повидок е нова технологија која може да го направи подобар за околината.

Заробувањето на јаглерод диоксид и неговото складирање или „секвестрација“ под земја во порозни карпести формации се чини како сложена практика, но САД веќе децении наназад вложуваа во истражувања и тестирање на оваа технологија.

Street cleaners ride their motorised tricycles past the chimneys of a power station located on the outskirts of Beijing

Секвестрација значи наместо во атмосферата, CO2 најпрво се заробува, а потоа се вбризгува во земјата. Нафтената индустрија веќе повеќе од четири децении вбризгува компресиран јаглерод диоксид во исцрпените нафтени полиња, а оваа практика во Канада прерасна во најголемата светска операција на подземно складирање на јаглерод диоксид.

Секвестрацијата на јаглерод диоксид ги воодушеви научниците и властите бидејќи нуди одлично решение за намалување на емисиите на CO2. Една термоелектрана во Данска, започна со овој процес на складирање на јаглерод диоксид, која складира CO2 на четири различни локации. Една од нив е напуштено нафтено поле во близина на брегот на Шпанија. Во Шведска пак, се тестира нов вид на секвестрација на чист јаглерод диоксид кој настанува со согорување на лигнит во една постројка на истокот на Германија.jaglen cist (4)

Досега најголемо спроведено тестирање е извршено од страна на една норвешка енергетска корпорација која прави впумпување на милион тони CO2 годишно на нафтеното поле Sleipner под Северното Море. Јаглеродниот диоксид се вбризгува на длабочина од околу еден километар под морското дно. Во таа формација има доволно простор за цела количина на CO2 без да го зголемува внатрешниот притисок и нема никакви знаци на потрес или протекување. Токму ова место, европските истражувачи го сметаат како идеално за складирање на CO2 од европските електрани.

Прва електрана која во 2009 година започна со заробување на јаглерод диоксид е „Mauntenir“ во САД. Со технологија на заробување, тој бил вбризгуван во порозен варовник на длабочина од повеќе од километар и половина под брегот на реката Охајо. Иако по две години компанијата престанува со работа поради прописите што не дозволуваа наплата на потрошувачите за примена на технологија која сè уште не е одобрена со закон, овој експеримент се покажал како функционален со надеж да стане економски одржлив.BHP Billiton Announces Record Financial Results

Во светски рамки, технологијата веќе постои, па заробувањето на CO2  може да биде и поефикасно од напорите на полето на алтернативните извори на енергија. Проблем е трошокот за закопување на CO2, кој може да се намали со поттикнување на мерки кон енергетскиот сектор и со понатамошен развој на технологијата. Научниците се согласуваат дека се потребни поголеми експерименти и тестирања како би се востановила примената на одредени технологии со кои складирањето на јаглерод диоксид во иднина би било рутинска процедура.

Потребата од заробување и складирање на јаглердниот диоксид не би била толку потребна, доколку би се намалило емитувањето на стакленички гасови за пет или 10 проценти. Токму ова беше и целта на последниот светски договор на парискиот Самит за климатски промени КОП21, кој за првпат ги обврзува сите земји на намалување на емитувањето на стакленички гасови.jaglen cist (2)

МАКЕДОНИЈА

Сопственото производство на електрична енергија е од исклучителна важност за енергетска независност на секоја земја, а кога станува збор за Македонија, сите овие процеси одат бавно и сложено, без оглед дали станува збор за јаглен или за нови обновливи извори на енергија. Главниот проблем е економската политика односно финансиите. Додека земјите од светот пронаоѓаат нови начини на обновлива енергија, Македонија е зависна од јаглен. Последната година започна да се остварува проектот со ветерни електрани, прво во Богданци, но засега тој е на самиот почеток. Иако се планира негово проширување на територијата на источна Македонија, главниот збор го имаат термоелектраните Битола и Осломеј, од кои доаѓа повеќе од 70 проценти од вкупната домашна произведена енергија.

Што се однесува за примена на технологијата на заробување и складирање на CO2 во Македонија, нема такви изгледи во блиска иднина. Во ТЕ РЕК Битола и ТЕ Осломеј, пепелта од јагленот се складира во депонија за отпадна пепел, а одведувањето на пепелта и згурата се врши со транспортна трака. Во моментов овие термоелектрани се во процес на подобрување на еколошките стандарди (следење и контрола на емисии на загадувачки супстанци, периодични мерења на интензитетот на бучава од постројките, како и нова технологија на транспорт) според ЕУ директивите за емисија на штетни гасови, бидејќи во спротивно ќе бидат затворени.

Пишува: Марина Верушеска

Испрати коментар

Scroll To Top