Насловна / Вести / Дали инспекциските служби на Општина Центар го контролираат спроведувањето на мерките против загадувањето?

Дали инспекциските служби на Општина Центар го контролираат спроведувањето на мерките против загадувањето?

Утре во 14 часот ќе се одржи вонредна седница на Советот на Општина Центар со единствена точка, загадувањето. Седницата е отворена за граѓаните и сите медиуми се поканети.
Иницијатор на седницата и прдлагач на точката е претседателката на Советот.

13
Општината најви низа мерки и активности за време на високиот степен на загадување на воздухот. Мерките кои Општината вели дека ги спроведува се:
– прекин на сите градежни активности
– засилени инспекциски надзори
– инспекциски надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла
– спроведување на одлуката за дотур на стока
– дежурен број за пријава на прекршувања

12

Дали градилиштата се активни не може да се сокрие. Па така евидентно е дека градилиштата во општината се активни и покрај забраната, особено оние кај „Беко“ и градилиштето на Лимак, кои се најголеми во општината. Вонредната седница не е случајна. На седницата треба да се достават материјали кои треба да покажат дали навистина се спроведуваат предвидените мерки и дали инспекциските служби излегуваат на терен и си ја вршат доследно својата работа.

Испрати коментар

Scroll To Top