Насловна / Вести / Дали иднината на автомобилската индустрија ќе се сведе само на 10 големи играчи?

Дали иднината на автомобилската индустрија ќе се сведе само на 10 големи играчи?

Кинеската компанија Xpeng, која важи за еден од најголемите ривали на Tesla, најави дека глобалната автомобилската индустрија во наредната деценија ќе се сведе само на 10 компании. Потпретседателот на оваа компанија верува дека доколку некој кинески производител кој би успеал да продаде најмалку 3 милиони возила годишно, би бил меѓу последните на една таква листа на светски производители на автомобили. За илустрација, во 2022 година, најголемиот светски производител Toyota, продал 10,5 милиони автомобили. Според тоа, од компанијата Xpeng велат дека кинеските компании кои сакаат да бидат во „клубот три милиони“, мора да станат глобални играчи.

xpeng1

„Не можеме да бидеме само играч во Кина, мораме да бидеме глобални. Мислам дека во тоа сценарио речиси половина од барањата за купување на возила мора да дојдат од надвор. За пет до десет години тоа ќе биде многу поконцентриран пазар. Мислам дека бројот на компании на глобалната сцена ќе се намали на десетина“, велат од Xpeng.

xpeng2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top