Насловна / Вести / Дали Германија останува без автомобилската индустрија?

Дали Германија останува без автомобилската индустрија?

Пазарот на автомобили минува низ тектонски промени. Во изминатите десет години производството на автомобили во Германија е речиси преполовено. Во 2012 година во Германија се произведени 5,6 милиони патнички автомобили и комбиња, а во 2022 година само 3,6 милиони.

Сепак, големите корпорации како „Фолксваген“, „Мерцедес“ и Бе-Ем-Ве остварија рекордни профити во износ од 49 милијарди евра. Ова се должи на зголемувањето на производството во странство.

На ова треба да се додаде и се поголемото значење на електричните автомобили, „Фолксваген“ ги произведува во Шпанија, а „Мерцедес“ во Кина и Полска.

а2

Центарот за автомобилски истражувања пресметал дека цената на еден час работа, вклучувајќи ги и дополнителните трошоци заработка, изнесува 59 евра во автомобилската индустрија во Германија, 28 евра во Шпанија и само 13 евра во Унгарија и Полска.

Здружението на германската автомобилска индустрија смета дека итно е потребна офанзива за Германија како индустриска локација. Во спротивно, на Германија и се заканува да се лизне во безначајност во глобални размери.

а1

Ова веќе се случи во делот на малите автомобили, поради високите трошоци. Од 2022 година во Германија повеќе не се произведуваат мали и микро автомобили.

Во Германија нема да има враќање на бројките од минатата деценија. Затоа е особено голема загриженоста на работничките здруженија во индустријата.

Електричните автомобили бараат значително помалку делови. Ќелиите на батериите доаѓаат во голем број од Азија. Како резултат на тоа, работните места се изложени на ризик, особено кај добавувачите во автомобилската индустрија. Многу добавувачи во автомобилската индустрија немаат можност да се преселат на други локации надвор од Германија и на тој начин ги губат клучните работи и работни места.

Испрати коментар

Scroll To Top