Насловна / Вести / Дали ЕУ ќе го жртвува Балканот за да обезбеди ресурси за својата енергетска транзиција

Дали ЕУ ќе го жртвува Балканот за да обезбеди ресурси за својата енергетска транзиција

Европската унија има големи амбиции за декаронизација на енергетскиот сектор, со цел до 2050 година Европа да биде климатски неутрална. За транзиција на ветерни електрани, соларни паркови и други видови енергија од обновливи извори, потребни се огромни количини материјали меѓу кои бакар, литиум и сл. Експлоатацијата на овие суровини ќе се забрза, а постоечките технологии се далеку од „зелени“ кога станува збор за влијанието врз животната средина. Освен тоа, рударските компании сеуште во голем амера користат фосилни горива, кои се незаменливи кај постоечката опрема.

lithium1

Администрацијата во Брисел има намера да набавува критично важни материјали за енергетската транзиција од земји кои ги смета за сигурни. Имајќи предвид дека во ЕУ прописите заштита на животната средина се многу строги, очигледно е дека граѓаните и биодиверзитетот во регионите како Западен Балкан ќе поднесат многу поголем товар.  Европскиот комесар за внатрешен пазар Thierry Breton изјавил дека “ЕУ треба да го интензивира рударството, преработката, рафинирањето и рециклирањето“ Притоа развојот на циркуларната економија е многу важен.

lithium2

S&P Global објавува податоци за рударските проекти ширум Европа. На мапата се гледа дека најголемата густина е во централното подрачје на Балканскиот полуостров, односно во Србија, Косово, Македонија, Албанија и западниот дел на Бугарија. Кога станува збор за литиумот, во Европа има 20 проекти, а дури осум од нив се во Србија. Еден е во Босна и Херцеговина.  Подрачјата во кои се изведуваат истражувања или се предвидени за испитување на резерви на литиум, главно се познати по плодната земја и тамошните жители зависат од земјоделството.

lithium3

 

Во регионот има и десет потенцијални локации за експлоатација на никел- по три во Албанија и Турција, а по еден во Србија, Македонија, Косово и Грција. Експлоатацијата и преработката ан рудите на литиум, бакар и никел може да остави сериозни последици по здравјето на населението, земјоделството, изворите на вода и биодиверзитетот. Од друга страна, литиумот веќе долги години се експлоатира во Јужна Америка и Австралија, но станува збор за оддалечени и ненаселени пустински области.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top