Аукциската куќа „Кристи” го побива тврдењето на историчарот на уметност од Оксфорд дека „Салватор Мунди“ во голема мера е насликан од помошник на Леонардо да Винчи. Од „Кристи“ велат дека има „широк консензус” меѓу академското мислење и дека „Салватор Мунди“ му се припишува на Леонардо. Сликата, која го прикажува Исус, минатата година се продаде на аукција за рекордни 450 милиони долари во „Кристи“, Њујорк.
Метју Ландрус, истражувач од колеџот Волфсон, Оксфорд и научник за Леонардо, го оспори тврдењето на аукциската куќа дека Салваторе Мунди е „една од помалку од 20 познати слики од Леонардо”. Наместо тоа, Ландрус вели дека сликата во голема мера е работена од талентираниот асистент на Леонардо, Бернардино Луини . Елементи во драперијата и моделирање на лицето, вели Ландрус, имале значителни сличности со сопственото дело на Луини, „Христос меѓу докторите“ (1515-30).
Потпаролот на „Кристи“ ги отфрли тврдењата и изјави: „Атрибуцијата Леонардо била основана скоро 10 години пред продажбата на сликата од десетина научници и е потврдена во периодот на аукцијата во 2017 година”. Во меѓувреме друг академик од Оксфорд, Леонардо Мартин Кемп изјави дека ќе открие „убедлив доказ дека Салваторе Мунди е ремек-дело од Леонардо”, во една книга што ќе биде објавена следната година.