Според Катја Јафимава од Оксфордскиот институт за енергетски истражувања „затоплувањето“ на односите меѓу Турција и Русија повторно ќе ја стави на масата за преговори изградбата на „Турски поток“. „Има добра перспектива за реализација на овој проект до 2020 година, не порано“, вели таа.
Според Јафимава сепак „Газпром“ ќе изгради само една линија од гасоводот со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Во неа ќе бидат доставени потребните количини гас за турската економија.
Taa смета дека Москва нема да изгради втора линја, какви што беа првичните планови, за да не ја засилува улогата на Анкара на гасната карта на Европа. Сепак, Јафимава е убедена дека ќе има уште еден гасовод преку Црното Море – „Јужен поток“, проектот кој веќе одамна е стопиран.
Проектот „Турски поток“ беше замрзнат во крајот на 2015 година по соборувањето на руски воен авион од турските воздухопловни сили. Ова доведе до прекин на економските односи меѓу двете земји. Пред еден месец, сепак турскиот претседател и се извини на Москва за инцидентот и врските меѓу Кремљ и Анкара се обновуваат.