Модната индустрија произведува дури 10% од светската емисија на јаглерод диоксид (CO2), и тоа ја става на листата на најголемите загадувачи. Освен тоа, голем проблем за животната средина е и фактот што целата облека на крајот завршува нa депониите. Меѓутоа, изгледа дека доаѓа до долго очекуваните промени. Имано, ЕУ предложи нови правила за спротивставување нa трендот на „брзата мода“, кој е еколошки погубен. Нивната идеја е облеката која се произведува или извезува во ЕУ да биде еколошки прифатлива. Како што се истакнува, до 2030 година, на сила би стапила забрана за уништување на непродадената облека, а во исто време ќе се поддржува системот за користење на рециклирани влакна и одржлив текстил.
Правилата на Европската комисија, исто така настојуваат да го стават под контрола ослободувањето на микропластика и да ги подобрат глобалните услови за работа во модната индустрија. Фабриките во кои се произведува облека, ефтино се продаваат на заинтересирани купувачи, побрзо отколку било кога во историјата. Ваквите производни процеси бараат голема употреба на фосилни горива. „Сакаме одржливите производи да станат норма и облеката која ја носиме да трае подолго“, рекол потпредседателот на Европската Комисија, Тимерманс.
Едно од правилата се однесува на тоа дека компаниите на етикетите мора да истакнат информации за одржливоста на парчето облека и дали истото може да се рециклира. Комисијата соопштила дека потрошувачката на текстил има многу негативно влијание на животната средина и климатските промени и дека во ЕУ секоја година се отфрллаат околу 6,4 милиони тони текстил.