Насловна / Вести / Дали човештвото е подготвено за автономни автомобили и зошто не?

Дали човештвото е подготвено за автономни автомобили и зошто не?

Иако автопилотот е корисна работа за олеснување на долгите патувања, сепак тој сеуште бара надгледување од возачот, па автомобилот не е автономен во вистинската смисла. Меѓутоа, тоа не ги спречува сопствениците на ваквите автомобили да се оглушат од упатството за употреба и да му дадат преголема доверба на автопилотот.

autonomous1

Имено, според податоците на Националната администрација за безбедност во сообраќајот, минататa година автомобилите на Tesla на автопилот предизвикале 273 сообраќајни несреќи во САД. Првиот човек на истата компанија тврди дека автопилотите кои со возилото ќе управуваат подобро од луѓето, ќе ги имаме веќе следната година – и така осум години по ред. Тој во 2014 година ги најавува на едно видео автономните автомобили веќе за следната година. Фактот дека ниту лидерот во светот на електромобилноста не ја совладал во целост технологијата на автопилотот и не може со сигурност да ни дозволи да бидеме сосема спокојни, покажува дека сеуште не сме подготвени за автономните автомобили. Кога станува збор за автономниот јавен превоз, се чини дека ситуацијата е малку подобра , бидејќи станува збор за траси по кои се вози со помали брзини. Сепак, веројатно и натаму (барем во блиска иднина) рецептот за безбедно возење со автономните возила ќе биде пар будни очи, со можност за интервенција кај вештачката интелигенција во секој момент.

autonomous2

Испрати коментар

Scroll To Top