Насловна / Вести / Дали богатите земји ќе престанат да го испраќаат својот отпад на другите?

Дали богатите земји ќе престанат да го испраќаат својот отпад на другите?

Европскиот парламент и Советот на држави членки на ЕУ, на 17-ти ноември постигнаа пробен договор за регулација на транспортот на отпадот, а сега се објавени и детали од овој документ. Според него, извозот на пластичен отпад во земјите кои не се членки на OECD, ќе биде забранет во рок од 2,5 години од стапувањето на сила на уредбата. Новиот пропис е поздравен како победа од страна ан еколошките групи, кои долго ја воделе кампањата за забрана на извозот на пластичен отпад надвор од Европа.

plastic1

Во 2022 година, ЕУ извезла повеќе од милион тони пластичен отпад во земји во кои отпадот обично се спалува на отворено – 50% во земји кои не се членки на OECD како што се Малезија, Виетнам, Индонезија и Тајланд, додека 33% е испорачано само во Турција. Според клучниот дел од документот, компаниите кои сакаат да извезуваат отпад надвор од Европа, ќе мораат да пратат известување и да добијат писмена потврда од конкретната земја. Покрај тоа, постројките за управување со отпад во земјите ан одредиштето, ќе мораат да поминат низ ревизија од независни тела со цел да се обезбеди третирање на отпадот на еколошки прифатлив начин. Транспортот на отпадот во границите на ЕУ  наменет за операциите ан опоравување, исто така ќе биде забранет, освен ако се наоѓа на Зелената листа ан нетоксични материјали кои може да бидат тргувани заради опоравок без претходно писмено известување или согласнот.

plastic2

Некои предупредуваат на можноста трговијата со опасен и мешовит отпад да продолжи да се одвива со Турција, која е и најголем извозник на пластичен отпад вo ЕУ и во земјите членки на OECD. Оние кои за занимаваат со рециклирање, во меѓувреме ја истакнале потребата да се одржи пристапот до глобалните пазари за рециклирани материјали со низок квалитет кои не наоѓаат купувачи во Европа. Без пристап до извозните пазари, ризикот е дека овие материјали би се складирале во Европа, каде на крајот ќе бидат спалени поради непостоење на други опции. За компаниите за рециклирање, единствено решение е зголемување на домашната побарувачка за рециклирани материјали во Европа, со обврска за производителите да бидат користени во новите производи. Оваа спогодба сега се доставува до претставниците на земјите членки на ЕУ во Советот и до одборот за животна средина на конечко одобрување.

Испрати коментар

Scroll To Top