Anthony Paletta за Boston Review за изложбата „Toward a Concrete Utopia – Architecture in Yugoslavia 1948-1980“, наслов кој е двосмислен, но не саркастичен, може да значи и бетонска и конкретна утопија, а двата поими заедно може да претставуваат реализирана утопија која вистински ја живееше една цела држава и нејзиниот народ, во МоМА во Њујорк.
Војната меѓу капитализмот и социјализмот е насочен не само на идеолошки план на политиката и економијата, туку е водена и во домен на секојдневниот живот и култура. Така една жена антрополог во неодамна објавената книга, настојува да да прикаже зошто жените имаат подобар секс во социјализмот. Дали архитектурата тогаш била подобра? Едните отфрлаат се од тој период и во секој руски базен или игралиште гледаат гулаг, додека други социјализмот го опсипуваат со пофалби и лежерно преминуваат преку критиките на општеството кое го овозможило.
Нијансирана и многу сеопфатна проценка неодамна е претставена на извонредната изложба за повоената југословенска архитектура во Моузејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк. Нејзиниот наслов грижливо ги заобиколува политичките прашања. Во фразата „кон конкретна утопија“, единствено извесно е дека целта никогаш не е остварена. Тој неуспех не е за занемарување, бидејќи сите знаема како лошо се заврши тој обид – и не само за градбите. Сепак, многу реликти на тој масовен и тврдоглав напор да се изгради утопијата сеуште се со нас, оштетени од војните и немарноста, како споменици на општествен експеримент, колку и на општествена трагедија. Повикуваат на почитување и подобро разбирање на нивната цел.
Изложбата завршена во јануари не беше изолиран настан. На архитекурата на Источниот блок од неодамна и издавачите обрнуваат многу поголемо внимание: најпрво заедно со обновениот интерес на Западот за социјализмот се појавија фото-изданија со фокус на надреалните градби. Космички, комунистички конструкции во слики, чие прво издание се појави во 2011 година, а ново овој месец, кај угледниот издавач Taschen, евокативно е, а сепак типична книга. Сочинета е од фотографии на Фредерик Шобен, „спектакуларни форми и строга естетика“, како што опишува насловната страна, „екстремна архитектура во последните години на СССР. Такви, претежно фотографски изданија насочени се на чудни, но несомнено величествени градби и го истакнуваат сабласниот квалитет на „тоталитарните“ структури, кои ги преживеале државите во кои настанале. Прекрасни се, без сомнение. Подоцнежните изданија се посеопфатни, со повеќе текст. Извонреден труд е објавен и за зафрлени места, како што е архитектурата на неруските советски републики, додека фасцинантните патеписни блогови на Овен Хартли проникнуваат подлабоко позади поединечни градби.
Освен во една фина студија, недостасува бескрајното сивило на советските станбени згради, оние кои и денес го опкружуваат секој град на поранешниот Источен блок, а кои никој не ги посетува. Таков превид, всушност не е спорен: и поголем број книги за архитектурата на Соединетите Држави не се занимава со монтажните куќи од предградијата. Сепак, тоа на читателот му дава непотполна слика за размерот и значењето на архитектонското производство во најголемиот комунистички режим во историјата на светот.
Светлана Кана Радевиќ, хотел Подгорица (1967) фото: Valentin Jeck, 2016, за MoMA
Југославија нуди освежувачки поглед во социјалистичкото минато. Од самиот свој почеток 1918. завземала граничен простор, собирајќи во една држава различни народи (Словенци, Хрвати, Срби, покрај останатите), угледувајќи се и на социјалистичкиот Исток и на капиталистичкиот Запад. Временскиот опсег на њујоршката изложба воглавном се преклопува со владеењето на Јосип Броз Тито, најуспешниот партизански водач од Втората светска војна, комунист кој со години го предводел широкиот фронт на борбата против силите на Оската.
Веднаш по војната Тито прво склопил договор со Источниот блок, за набрзо да раскрсти со Сталин, поради што е и протеран од Комунистичката партија, па така уште од 1949. Југославија почнала да добива помош од Западот. Нејзините односи со Советскиот блок обновени се после смртта на Сталин 1953., но во споредба со другите комунистички држави, наредните децении Југославија ќе оди по сопствен пат – се до почетокот на распаѓањето во војните од 1991. Останала вистински независна од партискиот диктат, релативно блиско поврзана со западниот свет и влијателна во Движењето на неврзаните – географски дифузна група на земји во развој формирано 1961. во Белград, кое ги поврзувало Индонезија, Индија, Египет и Гана.
Тие врски не биле резултат на природен културен или материјален интерес, туку политика на нужност предизвикана од Ладната војна. И покрај се, произвеле вистинска размена и што е уште поважно вистински градби. Нееднаквата конфигурација на тие врски, потикнала возбудлива разновидност на архитектурата. Прекинот на Тито со Сталин и неговата репутација на човек кој не стои зад Железната завеса, туко наспроти нејзе, го прикривале неговиот авторитаризам. Сепак, Југославија зацртала единствен курс, со повеќе слобода него на друго место во Источниот блок и со изградба која им избегнува на монолитните полупроизводи на комунистичкиот свет.
Од сите комунистички земји, растојанието помеѓу типични и извонредни градби можеби било најмало во Југославија. Имала необично голем број единствени таленти и далеку најмногу разновидност во станрадот на масовна изградба. Оваа состојба се одржувала со релативно широк федерализам на југословенската држава: иако недостасувале демократски слободи, сепак имало значителна автономија во многу сфери, вклучувајќи ја и архитектурата. Градбите биле и се вистинска извонредна мешавина на влијанија и инспирации од оддалечените и домашните текови. Иако некои подоцна трпеле интервенции, а поедини се и буквално бомбардирани за време на распаѓањето на државата, не се во потполност заборавени. И самата нивна разновидност е веќе доволна причина за публицитет. Као што еден од кустосите Владимир Кулиќ прокоментира на предпремиерата на изложбата, „како и да се обидете да ги дефинирате, нешто ќе недостасува“.
Специфичниот модернизам кој е забележан во Југославија во текот на овој период, секако дека бил поттикнат од поголемата отвореност на државата за меѓународно влијание по 1948 година. Но, непосрдената причина не била толку во трговинската политиката, колу во домашниот талент. Модернизмот ги обновил тенденциите кои цветале во Јигославија помеѓу војните, како што тоа било случај во Турција, Чехословачка и многу други држави формирани после Првата светска војна. Во времето на соработка со Советскиот Сојуз од 1945 до 1948 година, домашните иноватори биле тргнати настрана во корист на сталинофилниот изветвен неокласизам, но потоа се охрабрени да продолжат со своите експерименти, како физички израз на југословенската независност.
Купола на Белградскиот саем
Поинвентивните примери на југословенската архитектура западните автори често ги опишуваат како вселенски или вонземјени. Футуристичките споменици на партизаните од Втората светска војна, кои изгледаат како да се проекција од Марс, а не дела растурени по Динарските планини долж Балканскиот полуостров, користени се во безброј фотографии и кликови на нет. Оваа изложба открива дека и многу други дела се запрепастувачки необични.
Наместо да ги нарекуваме овие градби чудни, можеме да ги наречеме неамбициозни, бидејќи пропуштаат да го искористат целиот потенцијал кој го поседуваат, кој, како што југословенскиот пример докажува, може да поднесе висок степен на експериментирање. Меѓу најимпресивните конструктивни иновации спаѓа куполата на Белградскиот саем, која до 1963. година била најголема купола на светот, а и денсе е најголема во Европа. Таа и понатаму е најголема купола на светот од пренапрегнат бетон, вклучувајќи изобилство носачи, дијагонали, лаци и орнаменти. Некои од овие елементи се школски пример на модерната, конструктивна јасност, додека некои се бесмислени, претерани украси. Кога од градбите одбрани за оваа изложба би го одземале целиот бетон кој нема конструктивна улога, би вдомиле на илјадници луѓе. Но, како што Валентин Џек покажа со серија фотографии, како дел од храбрите вештини на оваа зграда, тие се едноставно одлични.
Ако саемската купола не одговара на вашата замисла за утопија, има и други примери. Оние ексцентричните и бруталистичките воглавном се во средиштето на вниманието на изложбата (сепак, последователниот концепт е главно ретроспективна карактеризација, а не израз на свесно стилиско определување на самите архитекти). Меѓутоа, Југославија произвела широк спектар во архитектурата, вклучувајќи структури кои користат специфични, локални традиции, етаблирани принципи на традиционалниот урбанизам, па и некои други материјали покрај бетонот. Некои од нив се дораснати на својата титуларна и материјална разметливост, од Палтата на младината и спортот во Приштина до Хидрометеоролошкиот завод во Скопје, додека многу други се поскромни и поконтекстуални. Дизајнот на Едвард Равникар, ученикот на таткото на словенечката урбана форма, Јоже Плечник, често оди во прилог на континуитетот, а не во радикално поместување. Неговиот станбен комплекс изграден воглавном од цигла во Љубљана, Ферантова градина, носи фасада која покажува должно почитување на постарите градби во околината, иако со своите тераси се протега на не необични начини. Повоената обнова на Задар во Хрватска го следела традиционалниот дух на густ распоред, ставајќи ги пешачките улици и пазари во прв план, иако користела сосема модерни форми. Експанзијата на Сплит кон брдата, орјентирана околу пешаците, своевремено го фалела и Џејн Џејкобс, урбан социолог.
Иако модернизмот понекогаш ги превидувал региналните разлики, архитектите често настојувале да вклучат традиционални форми во својата локална работа. Јурај Најдхард го истакнува протомодернизмот на традиционалната босанска архитектура, канализирајќи ја есенцијата во современо дело. Едно од најчесто фотографираните дела во поранешна Јигославија, Народна и универзитетска библиотека на Косово, обрнува внимание на различни наследства на оваа специфична средина, со низа од решетки и кубуси покриени со куполи во традиција на византијската и подоцнежната исламска архитектура.
Споменикот на Сутјеска беше на насловната страна на изложбата во МоМА
Повоената обнова на модернизмот се случува во вистински момент, конвергирајки прецизно со американскиот напор да промовира модернизам како симболичен знак на Западниот свет. Всушност, врската на њујоршкиот музеј со југословенскиот модернизам е повеќе од случајност: во време кога Соединетите Држави му испраќале воена помош на Тито, МоМА праќала патувачки изложби во странство. Изложбата од 1956. „Модерната уметност во САД“ свратила во Белград. Поставката од 1958. „Изградено во Америка: повоена архитектура“ – која ги опфаќала делата на Мис ван дер Рое, архитектурата на бирото Скидмур, Овингс и Мерил, Еро Саринен, Френк Лојд Рајт и други – прикажна е на четири места во Југославија. Изложбата на Бостонскиот институт на современа уметност за Ле Корбизје, можела да се види само на две места во Европа, во Западен Берлин и Југославија. Десетиот меѓународен конгрес на модерна архитектура организиран е во Дубровник, а Музејот на современа уметност во Белград, изричито се угледал на МоМА.
Врската со Западот оди уште подлабоко. Многу југословенски архитекти се школувале или учеле занает во САД и Западна Европа, а печатот на еминентните учители е очигледен во нивните дела.
Архив на Град Скопје
Георги Константиновски, кој се дошколувал на Јеил кај Пол Рудолф, а потоа како млад архитект работел кај Јо Минг Пеј, лауреат на Прицкер, вградил трагови и од двајцата на својот Архив на Град Скопје. Хотелот „Подгорица“ е проектиран од Светлана Кана Радевиќ, која студирала со Луи Кан на Универзитетот Пенсилванија. Не изнеадува дека Холандија и скандинавските земји, држави со силно социјалдемократски уверување (но без диктатори), биле изразито моќен извор на влијанија за југословенските архитекти. Впечатливиот објект на поштата и телекомуникацискиот центар во Скопје е проект на архитектот Јанко Константинов, некогашен соработник на Алвар Алто.
Иако руските и другите архитекти од Источниот блок не влијале значајно на југословенското проектирање, изградбата повеќе била во склад со источните одошто со западните цели, што се гледа во бројните објекти за социјално домување и разни јавни конструкции, од експериментални школи до културни центри – иако и тие често отстапувале од источниот стандард. Југословенскиот систем на работничко самоуправување, необична варијанта на државен социјализам, заедно со сложен федерализам, значел дека дури и изградбата на социјално домување ќе биде изведена похетерогено одошто на друго место.
„Индикативно е дека колективното домување во Југославија никогаш не било идентификувано со својата структурна природа по која го добило името, како што е случај на друго место“, заклучува Кулиќ и двајца куратори во една предходна книга на оваа тема, „Модернизам помеѓу: преодна архитектура на социјалистичка Југославија“ (2012). „Па така во југословенските јазици нема колоквијален еквивалент за чехословачкиот panelák, гермаскиот Plattenbau или унгарскиот panelház.“
Природата на југословенскиот експеримент со работничкото самоуправување, произвела различна и значително подифузна структура на дизајнот од поголемиот дел други земји. Така Мароје Мрдуљаш во еден есеј кој ја следи изложбата констатира: „Наместо централизирани проектантски институти, карактеристични за многу социјалистички држави, во Југославија се создава широк распон на професионални организации. Архитектите најчесто биле вработени во бироа, организирани како мали, самоуправни компании или во проектантски одделенија во рамки на големите градежни фирми или во урбанистички заводи во секоја сојузна република и поголемите градови“.
Овие системи цветале, растеретени од префабрикуваните калапи. Редок централизиран градежен актер била Југословенската народна армија (ЈНА), која градела во изненадувачки широк спектар од станбени згради до општествени клубови.
Еден од најголемите потфати во југословенската држава, кој авторите на изложбата јасно го споредуваат со Чандигар на Корбизје и Бразилија на Нимаер, секако дека е изградбата од 1948. на Нов Белград, на мочуриште на левиот брег на Сава, наспроти стариот Белград. Овој проект содржи значајни згради, градот е планиран околу широки булевари, опкружен со станбени кули и неколку градски структури. Интересен пример на урбанизам е и реконструкцијата на Скопје после земјотресот во 1963. Овој проект, кој го раководеле Обединетите Нации, вклучувал и прва, повоена нарачка од јапонскиот архитект Кензо Танге и широк асортиман на градби кои се проектирани од архитекти од разни земји.
Обединетите Нации учествувале и во планирање на решенијата за Јадранскиот брег, кои требало да понудат простор за одмор, но и да се сочуваат природните убавини. Скоро 90 проценти од странските туристи на Јадранот доаѓале од Запад, но брегот бил вообичаена дестинација и за домашните туристи. Еден хотел изградил и Едвард Дарел Стоун, автор на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк и американската амбасада во Њу Делхи. Уште еден меѓу најдобрите хотели, хотелот Халудово за инвеститот го имал основачот на списанитео „Penthaus“ Боб Гучиони.
Архитектите на овие објекти, независни од Источниот диктат и Западниот стил на рекреативни ланци, биле слободни да си играат со формата на јадранските падини. Не доаѓал само светот во Југославија и државата ги праќала своите архитекти во странство, многу од нив во Африка. Неколку спектакуларни градби во Нигерија – Меѓународен саем за трговија на Зоран Бојовиќ и Националниот театар на Стефан Колчев во Лагос (прикажан на друга изложба и во монографијата Афрички модернизам) или Министерскиот комплекс во градот Кано на Бојовиќ и Милица Штериќ и денес сведочат за значењето на здружувањето на неврзаниот свет.
Киоск K67
Сето тоа е, секако, заврши со слом. И покрај својот децентрализиран социјализам, Југославија ги трпела истите проблеми во економското производство како и другите социјалистички земји, додека нејзиниот, иаоко поблаг облик на авторитарност, пречел на на личните слободи, апсел дисиденти и одржувал тајна полиција. Овие фактори го влошиле основниот извор на колапс, бидејќи етничкиот раздор со кој државата успевала да управува и се отгнал од контролата, а крајот на приказната го знаеме премногу добро.
Првиот опис на изложбата напоменува дека југословенското наследство „демонстрира потенцијал на архитектура за општествен ангажман и трансформавија на начини кои и денес се релевантни“. Во контекст на новите дискусии за изграденото опкружување на комунистичкиот свет, добро е да се разгледа точно како тоа било возможно. Во тие анализи Југославија веројатно се третира премногу благо, но таа сепак останува далеку покорисен пример од останатите комунистички држави од минатото. Југославија била посложено место, а нејзината архитектура опфаќа бројни комерцијални структури, насочени и на туристи и на внатрешното тржиште, важен систем на наезависни станбени градби и значително помалку стандардизација од остатокот на советскиот блок.
Тоа била, како што пишува Кулиќ, „ вибрантна архитектонска култура, која не може да се сведе на прости идеолишки слогани“.