Данското архитектонско биро 3XN неодамна го претстави проектот за пазар за риби во Сиднеј, Австралија – Sydney Fish Market, чива изградба би требало да отпочне во 2019 година.
Дизајнот е осмислен наспрам човековите пропорции и тоа бил примарниот фокус, велат архитектите за ArchDaily. Меѓутоа кровот е она што е најинтерсено во овој проект.
Клучниот елемент на објектот на новиот пазар за риба кој е предвиден од валовит кровен покривач е осмислен да ја имитира типологијата на теренот. Поради својот атрактивен дизајн ќе стане нов урбан репер на Сиднеј, меѓутоа на одговорот дали при тоа ќе успее да ја засени и Сиднејската опера ќе треба да се почека да се реализира објектот.
Како што е позната Сиднејската опера е проект на данскиот архитект Јорн Утзон, добитник на Прицкерова награда за архитектура. Интересен е податокот дека овој проект го работи исто така дански архитекта, но во овој случај Ким Херфорт Нилсен од поменатото биро. Веруваме дека операта му била репер кога размислувал за своето решение на нов урбан репер на Сиднеј.
Иако пазарите традиционално се отворени простори, пазарите за риба често знаат да бидат во затворен простор од санитарни причини. Меѓутоа наместо да го следат овој модул на формирање на објектот, 3XN дозволиле силна визуелна врска на надворешноста со ентериерот, така што јавноста индиректно влијае во развивањето на програмата на објектот.
Големата пристапна зона обликувана е во форма на трибина и го поврзува плоштадот кој е на пониско ниво и новиот пазар. Од плоштадот, врската со пазарот се воспоставува и преку рампи, додека едната стаза води и кон помалото пристаниште во близина.
Јавните отворени простори околу целиот пазар обезбедуваат простор за собирање и релаксација, додека трибината која е во примарна функција на скалите, може да биде простор под кој ќе се организираат разни јавни случувања.
Преку проектот се поттикнува и одржливост и тоа преку системите кои ја собираат дождовницата и отпадните води.
„Eеколошката и оштествена одржливост се суштински и составни делови на дизајнот. Кровот, околното уредување на пазарот, отворениот простор, зеленилото и еколошките материјали го карактеризираат проектот на оваа целина.“ – истакнува Ким Херфорт Нилсен, основач на 3XN, бирото кое со овој проект победи во конкуренција од 60 меѓународни трудови.