На почетокот на 90-тите години на минатиот век италијанскиот производител на мотори бил на бранот на успехот, произведувајќи иновативни мотоцикли. Тогаш „il patron“ Ivano Beggio, чиј сон бил да создаде вечна икона како Vespa или Fiat 500, му нарачал на францускиот стар- архитект Philippe Starck, да создаде нов моторцикл – Aprilia Motò 6.5.
За Starck кој инаку возел мотори, ова бил прв проект во светот на две тркала. „Компромисите се сметаа за скрнавење“, напишал Beggio во својата автобиографија, а инженерите полуделе пред задачата да развијат компактен мотор со органски, кружни форми.
Возењето на Aprilia Motò 6.5 било жртва на дизајнот, поради неповолната положба на тежиштето, воглавном поради иновативниот испуштен систем во форма на сад под моторот.
Лошто планирање на задното тркало во тек на забрзувањето и осцилациите при поголеми брзини, делумно се подобрени со употреба на меки гуми и измена во заден час, пред да почне производството, на геометријата на шасијата.
Дури и шефот на тестирањето одбил соработка, а Ivano Beggio останал единствениот кој бил уверен дека проектот е солиден, кој станал економски пад за Aprilia.
По претставувањето на моторот Aprilia Motò 6.5 во 1995. година, производството продолжило наредните две години и запрено е откако се изработени околѕ 6.200 мотори. Сепак денес Motò 6.5 е икона на дизајнот на клубовите лојални на брендот.
Кога го прашале Starck како почнала неговата соработка со Aprilia и како се развивал проектот, тој одговорил: „Припаѓам на генерација која порасна со возење едноставни мотори и автомобили. Velosolex и Motobecane беа извонредно едноставни иновативни концепти како италијанските 125 мотори кои потоа ги возев, Italjet, Malaguti, MV Agusta. Тие беа одраз на минималистичка мисла и интелегинција.
Кога Ivano Beggio ме замоли да го дизајнирам Motò, маркетингот ги рангираше мотоциклите на иднината: мотоцикли на Дакар и мотори за лажни Ангели на пеколот, лажни тркачки мотори…
Сакав да се ослободам од целото ѓубре и духови што маркетингот ги смислуваше и создадов чист мотоцикл кој живееше на својата вистина: две тркала, мотор, резервоар и седиште.
Тако и направивме, благодарение на одличните инженери на Aprilia и се покажа добро. Вистинските моторџии ја поздравуваа мојата реализација на проектот, но мојата критика и моето мислење за новите моди и маркетингот во тоа време не беа баш ценети“.
Британскиот сајт за мотори Visordown бил најбрутален во критиките на Aprilia Motò 6.5, нарекувајќи го најлош мотор на светот и велејќи дека овој модел е злостор против моторите.