Насловна / Вести / Дали апартманот 212 во лондонски Claridge’s бил прогласен за територија на Југославија?

Дали апартманот 212 во лондонски Claridge’s бил прогласен за територија на Југославија?

Exif_JPEG_PICTURE

Денес е тешко или речиси невозможно да се најдат докази за тоа дали некогашниот британски премиер Винстон Черчил во 1945 година привремено го прогласил апартманот во лондонскиот луксузен хотел Claridge’s за територија на Југославија, со цел престолонаследникот Александар да биде роден на тлото на својата земја и веднаш да ја добие титулата принц, пишува BBC.

JUgoslovenski apartman vo hotel Klerigis

Според оваа популарна приказна, Черчил тогаш му направил услуга на југословенскиот крал Петар II, со својата наредба апартманот 212 да се прогласи за територија на тогашна Југославија на само еден ден. Во почетокот на Втората светска војна, кралот  Петар II со само 17 години, заедно со тогашната влада ја напушта Југославија и заминува во егзил во Лондон.

Jugoslovenski apartman vo hotel Kleridgis

Години подоцна, поточно на 17 јули 1945, неговата сопруга кралицата Александра го раѓа принцот Александар во нивното тогашно живеалиште хотелот Claridge’s, кој и тогаш и денес важи за еден од најпрестижните во Лондон.

Jugoslovenski apartman vo hotel kleridgis4

Приказната за апартманот 212 може да се прочита на интернет-страниците на принцот Александар Караѓорѓевиќ, и на службената страница на хотелот Claridge’s, но, како што наведува BBC, постои само еден мал проблем. Не постои ниту еден доказ дека ова е вистинска приказна, освен, се разбира, фактот што принцот Александар навистина е роден во апартман 212 во овој хотел.

Jugoslovenski apartman vo hotel Kleridgis3

Хотелот Claridge’s е меѓу најпознатите хотелски зданија во светот, а позната е анегдотата дека ако се јавите на рецепција и побарате да разговарате со кралот, од другата страна ќе Ви одговорат: „Извинете, а со кој крал?“

Токму оваа анегдота доволно говори за овој објект кој во текот на својата 150-годишна историја пречекал многу славни гости.

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top