Бројот на топли денови во Виена е удвоен во последните триесет години, а оваа година јуни беше четвртиот најтопол месец откако с евоспоставени мерењата на температурите во Австрија. Потребата од климатизација односно ладење ќе продолжи да расте, па затоа градската компанија Wien Energie, најголемиот австриски снабдувач со енергија, веќе 15 години разботи на развој на системи за далечинско ладење. Овој концепт е еколошки и климатски поприфатлива алтернатива споредено со засебните клима уреди и централни системи за климатизација на ниво на објекти.
Виена има свој систем за далечинско ладење кој опфаќа 180 објекти со вкупна можност од 200MW. До 2030 година се планира системот да се прошири на 350MW, со што се заменува капацитет еднаков на 100.000 конвенцинални клима уреди. Системот функционира така што во посебни централи со помош на ладилни машини се подготвува ладна вода со температура од 5 до 7 степени Целзиусови, која потоа се дистрибуира до потрошувачите и циркулиран низ внатрешната мрежа на објектите потрошувачи. По апсорбирање на топлината од објектите, загреаната вода повторно се враќа во централите на нов циклус ладење низ ладилните машини кои покрај електрична енергија користат и отпадна топлина (апсорпциони постројки).