Електричните камиони на компанијата Daimler Truck со домет од околу 500 километри, по германските патишта ќе тргнат веќе во оваа година, но само во тест режим. Сериското производство на моделот eActros LongHaul треба да започне во 2024 година. Станува збор за камиони за т.н дистрибутивен транспорт, кој во зависност од моделот, имаат три или четири пакети батерии. Во преминот од мотори со внатрешно согорување на нови погони, Daimler Truck првенствено се потпира на батерии и горивни ќелии. Компанијата се опишува како светски лидер во производството на камиони, автобуси и други комерцијални возила, и има над 100.000 вработени.
Европската унија ја притиска индустријата на камиони да ги исполнува климатските цели. Новите модели до 2025 година, во просек треба да емитуваат 15% помалку јаглерод диоксид, а до 2030 барем 30% помалку. Во спротивно, производителите на камиони се соочуваат со високи казни.