Насловна / Вести / Daimler: Сите нови модели до 2025 година само со електричен погон

Daimler: Сите нови модели до 2025 година само со електричен погон

Германската компанија Daimler, производител на автомобилите Mercedes-Benz, објави дека планира од 2022 година да инвестира повеќе од  40 милијарди евра во развој на возила со електричен погон, со цел до 2030 година да биде подготвена за пазарот на потполно електрични автомобили. Компанијата планира да отвори осум фабрики за батерии. Тоа е знак дека автомобилскиот сектор забрзано ги напушта традиционалните горива, следејќи го заострувањето на еколошките прописи. Daimler навел дека до 2025 година, сите нови модели ќе бидат само со електричен погон, но компанијата не соопштила кога планира да престане со производство на автомобили со мотори со внатрешно согорување. Оваа година, Daimler планира на берза да ја пласира фирмата за производство на камиони Daimler Trucks, која е независна членка на концернот.

daimler1

daimler2

Испрати коментар

Scroll To Top