Насловна / Вести / Daimler, IVECO, Volvo, Shell и OMV подготвуваат масовно воведување на камиони на водород

Daimler, IVECO, Volvo, Shell и OMV подготвуваат масовно воведување на камиони на водород

Познатите светски компании се обврзаа дека заедно ќе работат на тоа камионите на водород да бидат реалност во Европа, во рамките на проектот H2Accelerate.  Светските гиганти во производство на камиони и компаниите од нафтената индустрија Daimler Truck, IVECO, Volvo Group, Shell и OMV се здружија за да овозможат масовно воведување на камиони на водород.

Со оглед дека се поголем број влади и компании прифаќаат заедничка визија за енергетски системи со нулта нето емисии, учесниците во проектот веруваат дека водородот е основното гориво за декарбонизација во секторот на камионски сообраќај. Широката употреба на камионите на водород, како што истакнуваат од овие компании, ќе создаде нови деловни можности, како што се изградба на постројки за производство на водород без емисии, големи дистрибутивни системи за водород, мрежа од станици со голем капацитет за полнење на течен и гасовит водород, како и производство на камиони на водород. Учесниците во проектот H2Accelerate, веруваат дека инвестициите во индустријата на водород во текот на наредната деценија ќе создаде услови за масовно воведување на ова гориво во тешкиот транспорт, што е неопходно за да се исполни европската амбиција за нето нулти емисии до 2050 година.

h2accelerate1

Се очекува дека префрлањето на водород, кое ќе трае една деценија, ќе има две фази и ќе започне со купувачите кои се подготвени веднаш да користат камиони на ова гориво. Овие флоти на камиони, во првата фаза ќе бидат собрани во регионални кластери долж европските коридори со добра покриеност со станици за полнење. Со истекот на деценијата, овие кластери во втората фаза постепено ќе се поврзуваат со цел изградба на вистинска паневропска мрежа.

h2accelerate2

Во рамките на програмата  H2Accelerate, учесниците заедно ќе работат на обезбедување средства за рани предкомерцијални проекти во текот на првата фаза на масовното воведување на камиони на водород. Паралелно со тоа, компаниите ќе разговараат и со креаторите на политики и со регулаторите, со цел поттикнување на развој на опкружување кое ќе помогне во зголемување на производството на камиони на водород и развој на паневропската мрежа за полнење со ова гориво.

h2accelerate3

 

Испрати коментар

Scroll To Top