Романскиот производител објави фотографии од сите модели од својот асортиман со нов логотип. Dacia претходно објави дека нејзините модели наскоро ќе се продаваат со нов визуелен идентитет, кој вклучува изменети амблем и лого, а сега и прикажа како изгледа тој нов визуелен идентитет. Нова значка напред и логотип позади, како и во внатрешноста, на воланот од автомобилот добиваат Sandero, Logan, Sandero Stepway, Duster, електричниот Spring и Jogger.