Насловна / Градежништво / Различни стандарди за исти згради

Различни стандарди за исти згради

standardi.jpgИдејата да се усогласат
прописите за изведба на
високоенергетски ефикасни
згради (low-energy buildings) во земјите
на ЕУ, не е нова, но тешко може да
се реализира во пракса, затоа што
земјите меѓу себе се разликуваат по
своите климатски карактеристики,
традиционални техники на градење,
како и локални материјали за градба.

Предлогот за измена на Директивата
за енергетски карактеристики на
зградите ЕPBD (Directive on the energy
performance of buildings) вели дека
сите земји членки на ЕУ треба да ги
изнесат националните планови и
цели за промоција и зголемување
на бројот на zero-energy зградите,
или зградите што се приближуваат
на овие карактеристики.
Високоенергетски ефикасни згради
(low-energy buildings) штедат и до 80%
оперативни трошоци, благодарејќи
и на примената на интегрираниот
дизајн (integrated design solutions),
но се уште не се во позначајна мера
присутни на пазарот. Досега во
Европа се изградени само околу
20.000 згради со исклучително мала
потрошувачка на енергија, од кои
дури околу 17.000 во Германија и
Австрија, се наведува во документот
„Low-energy Buildings in Eurorope:
Current State of Play, definitions and Best
Practice, Brussels“, што нуди основни
информации кои се однесуваат
на дефинициите, методите на
пресметки и прописите на поединечни
земји на ЕУ, а во исто време ги
претставува најдобрите решенија
за low-energy згради во Европа.
Изразите, концептите и методите на
пресметки користени за сите типови
на low-energy згради, се разликуваат
од една до друга земја во ЕУ, но и пошироко. Не постои глобална
дефиниција за low-energy зграда,
туку се зборува за згради кои имаат
подобри енергетски карактеристики
отколку што се бара во важечките
градежни прописи (стандарди за
енергетска ефикасност или употреба
на алтернативни извори на енергија).
Low-energy зградата подразбира
исклучително добра изолација,
енергетски ефикасни прозорци
и примена на изменувачи на
топлина заради намалувањето на
енергија неопходна за греење
и ладење на просторот.
Исто така, тие можат да користат
и техники на пасивна соларна
архитектура и дизајнерски
решенија, или активни соларни
системи за греење на вода или
производство на електрична
енергија (PV-фотоволтажа). Се
користат и со сите познати системи
и уреди кои можат да ја намалат
потрошувачката на енергија, на
пример: системите за управување
со зградите (греење, ладење,
осветлување итн.), користење на
топла вода од машините за миење
садови и туш кабина за загревање
на водата што доаѓа до бојлерот.
Low-energy зградите се познати
под 17 различни имиња во Европа:
low-energy house, high-performance
house, passive house/Passivhaus,
zero carbon house, zero energy
house, energy savings house, energy
positive house, 3-litre house,
ultra-low-energy куќа, итн. По
дефиниција, минималните барања
би требало да се однесуваат на сите
типови енергија која и е потребна
на зградата за нејзино нормално
функционирање (греење и ладење
на нејзиниот внатрешен простор,
загревање на водата, вентилација и
вкупна потрошувачка на енергија:
електрични уреди и куќни апарати,
осветлување итн.) Во пракса, тоа не е
така. Напротив, дефинициите најчесто
се однесуваат само на енергија која е
потребна за загревање на просторот,
притоа игнорирајќи ги другите
форми на енергија која се троши,
кои дури можат да ги надминат
потребите на зградата за енергија
(на пример, во деловните згради).

Стандардите дефинирани само во 7 земји

Во моментов, седум држави членки
на ЕУ дефинираа што една зграда
ја чини low-energy зграда. Тоа
се Австрија, Швајцарија, Данска,
Велика Британија, Финска, Франција,
Германија и Белгија. Уште четири
земји најавија дека наскоро
ќе го сторат тоа: Луксембург,
Романија, Словачка и Шведска.
Нивните дефиниции се однесуваат
претежно на нови згради, но во
некои случаи (Австрија, Чешка,
Данска, Германија, Луксембург) тие
исто така ги покриваат и постоечките
згради и можат да се применат
на сите типови згради (станбени,
деловни, спортски објекти итн.)
Просечните барања за помала
потрошувачка на енергија се движат
од 30 до 50% од стандардните
барања во тие држави за нови агради.
Ова главно доведува до просечна
потрошувачка од 40 до 60 kWh/m2
во земјите на Централна Европа.
Во некои земји постојат и
сертификати, како што се на
пример, Minergie во Швајцарија
и Effinergie во Франција. Овие
сертификати им служат на купувачите
и на корисниците на просторот
за да ги препознаваат зградите
што ги исполнуваат low-energy
националните стандарди. Земајќи ги
предвид варијациите на климатските
услови и важечките градежни
стандарди ширум Европа, тешко
е да се дефинира еден концепт
на low-energy зграда за целата
Европска Унија. Националните
стандарди и методологии варираат
во толкава мера, што развојот на
прописи во една држава може да не
ги исполнува основните стандарди
во друга. На пример, во САД Energy
Star етикетата означува дека
зградите трошат само 15% помалку
енергија од важечките стандарди.

standardi_2.jpg
Во Данска стандардот DK lowenergy
class 1 – 35+ означува
1100/AkWh/m2/годишно (енергија
за греење, ладење, вентилација
и загревање на вода)
Во Швајцарија постои Minergie
– 42kWh/m2/годишно (енергија
за греење, ладење, вентилација
и загравање на вода)
Effinergie во Франција – 50kWh/
m2/годишно (енергија за греење,
ладење, вентилација, загревање
на вода и осветлување)
Во Германија, пак важи
стандардот Passivhaus –
120kWh/m2/годишно (енергија
за греење, ладење, вентилација,
загревање на вода, осветлување
и апарати за домаќинство)

Пасивни куќи

Дефинициите за пасивни куќи се
уште похетерогени, затоа што овде
под ист поим се подразбираат два
потполно различни типа на згради
во Централна и Сeверна Европа
(Германија, Австрија, Шведска итн.),
односно во Јужна Европа (Шпанија,
Италија, Португалија, Грција).
Во Јужна Европа терминот пасивна
куќа (passive house) значи дека куќата
е проектирана во склад со концептот
на пасивниот дизајн (passive design),
т.е. користење на пасивни технологии
(големи стаклени површини за
пропуштање на сончева енергија,
штитници за сонце како заштита од
прегревање во текот на летото итн.)
Во Централна Европа терминот
пасивна куќа се однесува на објекти
кои се изградени по истоимениот
стандард кој е поставен во Институтот
во Дармштат, Германија. Оваа забуна
е честа, па затоа е потребно да се
објасни што е пасивна куќа, а што
е passive haus. Passive haus е зграда
изведена со посебен стандард
според кој, температурата на
внатрешниот воздух се постигнува
без активен систем на греење,
поточно со температурата на воздухот од KGH системот. Таа ги користи
и сите други решенија за пасивен дизајн,
како што се ориентација на објектот
кон југ, добра изолација на стаклените
површини со коефициент u= 0,75 W/(m2K),
отсуство на конзоли и ладни мостови и
сл. Само вака е возможно да се намалат
годишните потреби за греење на 5kWh/m²,
што значи дека годишно за греење трошат
просечно околу 15% од вкупните свои
потреби кои се во просек 120 kWh/m².
Моментно, преку 12.000 вакви куќи
се изградени во Европа, најмногу во
Германија, Австрија и Скандинавија.
Во САД, куќата што е направена по Passivehaus
стандардот троши од 75 до 95%
помалку енергија за греење и ладење
од новите згради кои го постигнале
енергетскиот ефикасен стандард во
САД (Energy Star). Меѓутоа, примената
на Passivehaus стандардот има одредени
ограничувања во јужните држави во САД,
каде во текот на летото е потребно многу
повеќе енергија за ладење на објектите,
отколку во другите региони. Затоа
дефиницијата на Passivehaus стандардот
овде мора до биде модифициран во однос
на оној од Централна Европа. Intelligent
Energy for Europe SAVE го започна проектот
Passive-on, за да може да ги примени
Passivehaus-on стандардите во земјите со
потопла клима. Passive-on поопширно ги
дефинира енергетските барања, така што
потрошувачката за греење и ладење се
сведува на околу 15-20kWh/m2/годишно.

Zero-energy и zero-carbon куќи
Специфичноста на zero-energy и zerocarbon
куќата е во тоа што своите
дополнителни енергетски потреби
кои не можат сами да ги произведат од
сопствените извори (соларна енергија,
топлинска пумпа, итн.) ги надополнуваат
од мрежата што во потполност се напојува
од обновливи извори (на пример, од
дистрибутивната мрежа која се напојува
од ветрогенератори на фармите).
Куќата со zero-energy или net-zeroenergy
потрошувачка на годишно ниво
може да биде енергетски независна,
но во пракса ова значи дека во некој
период ќе произведува повеќе енергија
отколку што троши и ќе ја враќа во
мрежата, додека во други периоди
ќе има поголеми потреби кои ќе ги
надополнува од мрежата. Ова се случува
пред се поради тоа што обновливите
извори на енергија на парцелата,
најчесто се зависни од временските
услови за одреден период од годината.
Во САД се користат различни дефиниции
на zero-energy зградите, а Јапонија е во
процес на дефинирање на концептот
на zero-energy зградите што треба да
биде готов до крајот на годинава.

Energy-positive куќи

Energy-positive, или plus energy куќите
се оние куќи кои на годишно ниво
произведуваат повеќе енергија од
обновливи извори, отколку што ќе
потрошат од надворешни извори
(топлински пумпи, греење на вода со
соларни плочи, фотоволтажа/PV).
Ова се постигнува со комбинација на
генератор на електрична енергија со
мала моќност и енергетски ефикасни
решенија, како што се пасивен соларен
дизајн, изолација, внимателен избор
на парцела и ориентација на објектот,
топлинска пумпа, изменувачи на топлина,
греење на вода со соларни плочи итн

Испрати коментар

Scroll To Top