Даблин се соочува со се поголем проблем кога станува збор за отпадот на градските улици, поради искинати пластични кеси и растурање на ѓубрето. Подрачјата во ирската престолнина во кои досега било дозволено собирање на отпад во кеси опфаќа околу 1.000 улици. Објектите во овие улици до неодамна имале обврска да користат канти за отпад, односно им било дозволено отпадот да го одлагаат во пластични кеси и да го оставаат пред своите локали. Сега градските власти одлучиле да спроведат мерки во насока на унапредување на чистотата во градот, а една од мерките е забрана за користење на пластични кеси во 90 улици на Централниот комерцијален округ.
Одредбата која спречува комерцијалните субјекти да го оставаат својот отпад во пластични кеси, делумно стапила на сила на 16-ти септември, а целосна усогласеност се очекува од 1-ви јануари 2025 година. Градските власти имаат намера да спроведат кампања за подигање на свеста за отпадот, со цел да донесат промени во културата и јавното однесување, додека како дел од пошироката кампања ќе се истражат сите можности за спречување на фрлањето отпад. Се анализира и ефикасноста на мерката за заеднички складишни простори за отпад во станбените населби.