Насловна / Архитектура / Револуционерна пролет во архитектурата

Револуционерна пролет во архитектурата

revolucionerna_proelt_thumb.jpg

2011- навистина ли стигнавме до точка од која нема враќање? Може ли оваа фрустрација, ова чувство на срам да продолжи да нè обзема? Тоа е општата сензација. Ова е година карактеризирана со големи протести, најпрво започнати од продавачот на овошје во Тунис, а потоа проширени низ целиот арапски свет, за да кулминираат со големите бунтови во земјата симбол на античката и модерната демократија – Грција, 
родно место на овој политички систем и на Соединетите Американски Држави, место признаено по антономасија, каде многумина го зафатија Вол стрит. Сега дури и еврозоната е во ризик и, доколку Италија би се распаднала, единствената монета би била во ризик да исчезне. Раздорот е силен насекаде што се однесува до режимите и до банките чии шпекулации беа причина за светската несреќа. 

revolucionerna_proelt_1.jpg

Никнувањето на градежниот меур ја предизвика најдлабоката криза што светот може да ја доживее, ја стави во сомнеж демократијата, ги стави на видик сите слабости, врз кои големиот економски раст на некои земји е базиран, и за кои политичкото водство не сакаше или не можеше да ги излечи. Работата ја изгубија стотици илјади луѓе со средно образование, како и личности со висок степен на образование. Кризата во градежниот сектор обезвреди две, по мое мислење, од најубавите професии на светот: онаа на архитектот и онаа на инженерот. 

Архитектурата е една од малкуте професии што дозволува да се поврзат креативноста и уметноста со математиката и науката. Принудува постојано да се замислува иднината, правејќи богатство од искуствата во минатото. Не постои никакво интелектуално знаење што може да биде игнорирано од архитектот. Убавото во оваа професија е што треба секогаш да се биде "hungry and foolish" (гладен и луд), како што тврдеше Стив Џобс. Да се биде гладен од знаење, па дури и од успех, а луд затоа што архитектурата е исто така еден фантастичен паралелен свет, каде што може да се фантазира, да се ослободи умот и да се доведат на земјата големи идеи. 

revolucionerna_proelt_2.jpg

Навикнати сме на сликата од успешни архитекти: Сантијаго Калатрава, Ренцо Пиано, сер Норман Фостер, но професијата е составена исто така од многу привремени состојби и многу искористување, што во многу нации економската криза ги претвори во еден вид норма. Архитектурата сега треба да се соочи со еден голем проблем – недостиг на извори, но во исто време таа е и машина која мора да продолжи да оди понатаму, сигурно не може да умре на ваков начин, затоашто е дел од човечките потреби.

2011 е една од оние години кои добро ќе ги запомниме, која навистина стави на тешка проба многу мозоци, кои сега се наоѓаат на место каде што треба да предложат нови решенија, каде штедењето и одржливоста излегува дека се зборови-лозинки. 2011 година одредува еден нов пристап на оваа проблематика: повторно се измислува иднината. Се наоѓаат нови решенија кои пробуваат да ги соединат техничките изуми со одржливиот развој, т.е. повторното искористување на материјалите. Најголемите изуми секогаш доаѓаат од земји, омразени од многу, но каде што мислата е слободна и фантазијата може најубаво да се искаже. Тоа е и случајот со Бостон во САД, каде американските научници ги предложија Еко Под-ите, од многумина наречени како вистинска научна револуција. Претставуваат нов метод за реализација на алтернативна енергија. Неговото име е Еко Под, родено од идеја, која се базира врз производството на енергија од биоенергетско гориво. Проектот се состои од oбновување на старите згради во Бостон и нивно покривање со микроалги. Се работи за биореактори од микроалги кои трансформираат јаглероден диоксид во кислород за време на фотосинтезата и се адаптираат на каков и да е тип на површина, дури и вертикална. Намерата е со тоа да се реализира една структура од многубројни направени капсули преку кои се произведува биогориво, еднакво на триесет пати повеќе од актуелните традиционални методи.

Проблемот потоа што мора да се поместат капсулите е решен преку механички раце кои ја добиваат енергијата токму од биогоривото од алгите. Сè на сè тоа е една независна структура. Згора на сè, со истиот принцип, вертикалните фасади нудат добра термичка изолација дозволувајќи голема заштеда на материјали, а со тоа и на потрошувачка. Принципот е ист како кај вертикалните зелени фасади, кои немаат функција на енергетско производство, туку служат за термичка изолација: би се рекло дека вертикалното зеленило има функција на изолаторско палто или пак, како во овој случај, како изолатор или како енергетски мотор.

Архитектурата ги храни фантастичните мозоци и го прави тоа толку добро што постојат архитекти кои успеваат да донесат на светот вистински бајки, оние што ни биле раскажувани како мали. Никој никогаш не би помислил дека ќе може да ја јаде сопствената куќа како Ивица и Марица, а сепак некој ја имаше токму оваа идеја со Incredible Edible House. Тоа е навистина изводлив проект доколку неговата основна структура има целосна обвивка на која растат зеленчук и чај коишто се наводнуваат преку систем способен да ја собере дождовната вода. Зелениот ѕид гарантира засилено освежување од ветерни турбини и од сад кој ја одржува свежа средината преку еден метод наречен "evaporative cooling". Замислете ја оваа идеја пресадена во светот на реставрацијата.

Всушност, токму еден ресторан во Лос Анџелес кој се наоѓа во внатрешноста на една стара осквернавена црква го користи овој метод: самиот клиент може заемно да дејствува со структурата директно берејќи го она со кое сака да биде послужен. Зеленото, значи, се покажува како многу економичен извор, поевтин од многу други материјали, одржлив и што може да се репродуцира. Поттикнати сме повторно да го пронајдеме зеленото коешто го заборавивме последните години, а чија витална вредност сега ја признаваме, како што се случува и во Јужна Аргентина во гратчето Розарио. Билборд паркот е еден од овие примери. Нов начин да се сфати повторното претворање преку вертикалните зелени ѕидови. Работата се базира врз анализа на различни проблематики кои постојат во внатрешноста на градовите и предлага еден интерактивен пристап меѓу човекот, потрага по нови конструктивни техники и нови материјали.

Космополитската метропола веќе позната по своите неокласични архитектури наскоро би можела да стане позната и заради "Billboard". Проектот навлегува во една поширока програма за ревитализација на градот што сака да ги поврати дислоцираните области и да го искористи крајбрежниот ѕид. Овој ѕид се протега со должина од 32 метри и висина од 15 метри, домаќин е на вертикалното зеленило кое е свртено накај реката, панелите на ѕидот се свртени накај улицата и градот, а за крај има вдлабнатини на различни височини кои нудат серија интересни глетки на реката и на аргентинскиот град, давајќи еден менлив вертикален пејзаж кој зависи од тоа од која точка се набљудува. Карактеристична за паркот е неговата моделарна структура слична на едно необично гнездо на пчели. Се работи за структурална решетка отворена во бетон, на која се пресечени премини и која со единствена геометриска форма успева да ги состави хоризонталните, како и вертикалните катови на површината. Новиот парк е важен елемент за преобразување на една индустриски загадена област, способен да произведе природно обичен, но и разнобоен пејзаж со широки и волшебни панорамски глетки чијшто двоен просторен состав успева да ја трансформира околната средина во едно јавно хармонично и пријатно место, и да му даде на крајбрежниот ѕид на градот нов лик, со голема комуникативна сила. Одржлив изум и да се рециклираат само по потреба зборовите-лозинки на нашето време. Сличен пример за повторна употреба на материјали е случајот со една вила во Малибу која целосно ги има употребено останатите делови од еден Боинг 747. Од сево ова може да се забележи дека општата мисла и општите граници на архитектурата гледаат кон една еколошка иднина. Тоа е нов стил на живот, кој се стреми да направи потреба од една доблест преземајќи го економското користење на материјалите, но без да се откаже од восхитот. Рециклирањето е карактеристика на еко-пријателскиот стил на живот, иако не секогаш резултатите се нешто посебни. Овој систем заинтересира многу хотелски синџири и некои обиди беа успешно извршени во Австрија. Да се преспие на места кои во минатото биле незамисливи, сега е пак во мода. Во старите цевки од армиран бетон се прават удобни соби. Предноста кај овие структури е што навистина е помала потребата за одржување откако ќе бидат дезинфицирани и исчистени за прв пат. Три големи бетонски цевки околу еден парк станаа симбол на градот за тоа како креативната способност на човекот дозволува да се рециклираат најнезамисливите предмети. Мали соби во внатрешноста на бетонските цевки вратени и повторно искористени во целосно ново руво. 

revolucionerna_proelt_3.jpg

Предлогот веднаш изгледа интересен поради намалената потреба за одржување која ја бараат материјалите по потребните први чистења и почетни дезинфекции со оглед на издржливоста и цврстината што го гарантира одржувањето на квалитетот низ времето. Од климатска гледна точка празнините се загреани и структурата така се користи само во летниот период, каде термичката инерција од бетонот гарантира пријатна внатрешна температура преку целиот ден. Оваа идеја, меѓутоа, не им избега ниту на некои архитекти кои доаѓаат од места со потопла клима како што е Мексико. На локалната клима ѝ одговара употребата на технологија од овој тип: за време на летото бетонот гарантира свежина во внатрешноста, а додека во ладниот период, каде нивните минимални дневни температури се секако повисоки поради нашата географска широчина, осветлувањето од сонцето термички се акумулира и потоа може да се обезбеди топлина во ноќните часови. Се работи за не многу различна ситуација од собите ископани во камен. Во овој случај, е изграден еден вистински хотел каде сите соби се составени од мали пирамиди од три цевки со надворешна скала која дозволува пристап до горниот кат. И овде, заради логични причини, бањата е надвор од собата, но во комплексот ги има сите услуги потребни за функционирањето на еден хотел. Тоа е сигурно пример на минимална егзистенција на која пак се надополнува темата за повратување на еден многу скап енергетичен материјал кој е во фаза на производство, често е употребуван за релативно кратки периоди и потоа се фрла: со сигурност ова е еден од најинтересните примери за рециклирање.

Драматичната светска криза во последните две години е и резултат на оваа трансформација на глобалната економија и на несоодветните одговори дадени на главното прашање за еден ваков нов уред. По примерот на еден навидум забележлив дух на соработка кој се согласи да ги сопре можните уништувачки ефекти од светската криза, најголемиот предизвик со кој треба да се соочиме следниве години е како да се обезбеди економска стабилност и да ѝ се гарантира нова фаза на развој. Наспроти границите и потенцијалноста на актуелниот систем да биде за глобално владеење, се раѓаат мислења на авторитетни и помалку авторитетни светски научници, кои водени од свесноста за големите предизвици со кои треба да се соочат, зацртуваат нови сценарија за креативност и правила употребливи во светот на архитектурата. Глобалната криза е веќе реалност која сите ја прифаќаме во нашите секојдневни животи и нашите животни избори. Несигурноста на сегашноста, пак, нè тера да ги видиме работите на поинаков начин: ако претходно не сме размислувале многу за некои потребни и непотребни трошоци, денес оптиката ја ставаме многу почесто врз долготрајните избори како за материјалните трошоци, така и за оние енергетските. Наспроти константните менувања на цената на бензинот, тажно познатата дилема за продавање на ѓубрето, организационите како и политичките проблеми кои доаѓаат од преминот на гасоводите, спонтано произлегува да се види употребата на алтернативни и екоодржливи извори како најнеизбежна опција за живот. Сега младите дипломирани архитекти треба навистина да бидат решителни, да имаат страст и надеж за да успеат да ги пренесат сопствените идеи на една планета која се наоѓа пред нови барања, која се поставува покорно во планирањето за да можат да се соберат сите типични одлики на овој историски период. Главна е свеста за улогата на животната околина, таа ќе доведе обврската на архитектот на XXI век да биде онаа, да го стави во релација неговото дело со територијата, и тоа да го направи на начин на кој белегот врз животната средина биде што помал.
Архитектура, одржлив проект и обновливи енергии, се централни теми на нашето време, а со тоа се и неопходни. 

Франческо Читро, дипл.град. инж (Италија)


Испрати коментар

Scroll To Top