Насловна / Вести / Да зборуваме за клима и #НаТочак

Да зборуваме за клима и #НаТочак

Утре, како дел од Европската недела на мобилност и дел од настаните на Недела за иднината ќе се одржи велосипедско возење низ градот кое ќе заврши со проекција на филм за климатски промени во Градскиот парк.
Стартот на турата е закажан за 19 часот во паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули, а крајот е во 19:30 пред Школка во Градски парк. Филмската проекција под отворено небо е во 20 часот. Настанот е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ. Проектот е финансиран од Европската унија.

klima

Секој велосипедист ќе носи транспарент со порака за клима или подобрување на мобилноста во градот.
“Ние немаме повеќе време да размислуваме дали може да се направи- градот може и треба да се развива одржливо и дека само на овој начин ќе се подобри квалитетот на живот и здравјето на урбаните жители.Да бидеме генерациите што ќе ја зачуваат иднината!“, велат организаторите.
Доколку некој сака да учествува на настанот, а во моментот не поседува велосипед, може да се пријави, а организаторите ќе обезбедат велосипед. Контакт лице е Кристина Бужароска, е-маил: [email protected].
Климатските промени се проблем кој не можеме повеќе да го игнорираме. Нашата земја ги трпи последиците од климатските промени – долги сушни периоди, бури со силни ветрови и град и нема финансиски средства да се справи со нив.
Климатските промени и мобилноста на граѓаните, особено во градот се тесно поврзани меѓу себе. Транспортниот сектор во земјава учествува со 13 отсто во вкупните национални емисии во 2014 година, а одтогаш имаме растечки тренд поради се поголем број на луѓе во градовите. Од друга страна пак климатските промени директно влијаат на мобилноста на граѓаните, правејќи го неможно движењето на луѓето и добрата во услови на екстремни временски услови како топлотни бранови и бури.
Сообраќајот влијае и врз здравјето на луѓето и квалитетот на живот, предизвикувајќи загадување на воздухот и бучава.
Потребно е да размислуваме како да го прилагодиме секторот транспорт на екстремните временски услови и во исто време да влијаеме на ублажување на климатските промени преку фаворизирање на форми на транспорт со низок јаглероден отпечаток.
Повеќе велосипедски и пешачки зони во градот со функционално зеленило со цел олеснување на движењето во услови на високи температури. Автопати за велосипеди кои ќе ги поврзуваат градовите.

Испрати коментар

Scroll To Top