Рециклирањето е чин или процес на претворање на отпадот во материјал за повеќекратна употреба.
Преминот од линеарна, земи од природата-произведи-употреби-фрли, на циркуларна економија веќе долго време не е знак на добра волја на компаниите, туку неопходност. Емисиите на гасови со ефект на стаклена градина во атмосферата, кои, меѓу другото, произведуваат отпад во значителна мера, веќе оставија видлив белег на климата на нашата планета.
Температурата е зголемена за околу 1,1 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период, а повеќето копнени региони забележале повеќе денови со екстремно високи температури, а секоја од последните четири децении била потопла од претходната. Прашањето веќе не е „дали“ компаниите ќе се префрлат на овој модел на работење, туку „кога“ ќе се префрлат на работење според принципите на циркуларната економија.
Циркуларната економија е економски систем во рамки на кој производните ресурси, отпадот, емисиите на отпад и енергетскиот одлив значително се намалуваат со забавување, заокружување и продолжување на енергетските и материјалните циклуси во производството. Ова се постигнува со паметно осмислување на производот така што, колку што е можно, неговиот животен век се продолжува со: одржување, сервисирање, делење и рециклирање.
Околу 80 отсто од влијанието врз животната средина го одредуваат последиците од одлуките донесени во фазата на осмислување. Рециклирањето е последно во тој кружен циклус, но не помалку важно. Веќе на почетокот на процесот, производот мора да биде осмислен така што секоја негова компонента може да се рециклира, со што – кога ќе дојде до крајот на својот животен циклус – може лесно да се расклопува и секој негов дел да може повторно да се искористи или рециклира.