Насловна / Вести / д-р Едит Кларк (1883-1959) – првата жена електро инженер

д-р Едит Кларк (1883-1959) – првата жена електро инженер

д-р Едит Кларк е првата жена електро инженер, но и првата жена универзитетски професор по електротехника (University of Texas, Austin). Родена во далечната 1883, таа ќе понесе многу епитети „прва“, во електротехниката.

clarke 1

Како дете имала проблеми со читањето и спелувањето, но особено се истакнувала во математиката. Останала сираче на 12 години, и била под старателство нa нејзиниот вујко. На 18 години наследува скромни средства од семејниот имот, со кои ги запишува своите студии по математика и астрономија на Vassar College. Дипломирала во 1908 како еден од најистакатите студенти.  Школарината ја плаќала од своето наследство. По дипломирањето, таа предавала математика и физика во приватно женско училиште во Сан Франциско. Потоа преминува да предава на Marshall College во Западна Вирџинија. Во 1911 година таа се запишува на студии по градежништво на University of Wisconsin – Madison.  За време на летниот одмот по нејзината прва година на градежништво, таа работи како асистент во AT & T кај позатиот д-р Кембел.Таа ќе биде толку импресионирана од оваа работа,  така што останува  во AT & T да обучува и раководи група од „луѓе компјутери“ – односно математичари (главно жени), кои правеле брзи пресметки како дел од големите системи.  Во тоа време, Кембел применувал математички методи за решавање нa проблеми поврзани со преносот на електричната енергија на долги растојанија. Едит Кларк станува сериозно заинтересирана за истите проблеми и запишува студии по електротехника на Универзитетот Колумбија. Таа заминува од AT & T во 1918 кога се запишува на мастер студии по електротехника на престижниот  MIT.  Во 1919 ја одбранила магистерската теза како прва жена која магистрирала на овој оддел, и тоа со извонредна тема која била препознаена и пофалена во пошироката научна јавност. Но, и покрај овој успех на MIT, таа не успева да се вработи како електроинженер, што и било голема желба. Сепак, работела на разни други позиции. Во 1919 година започнала да работи како “човек – компјутер“ односно математичар во General electric.  Во тој период САД забрзано се електрифицира. Тогаш таа создава сопствена математичка метода за пресметки на далеководите, тн Clarke Calculator.

Clarke 5

 

Нејзината креација им помогнала на инженерите сериозно да се упростат пресметките за индуктивноста и капацитативноста кај далеководите. Методата се применувала за решавање на проблемите кај далеководите за пренос на електрична енергија на растојанија подолги од 250 милји (402 километри)

Истата година, сеуште не можејќи да се вработи како инженер, таа ја напушта работата во General Еlectric (GE), и заминува во Турција, како професор по физика на женскиот колеџ во Истанбул (тогашен Константинопол).

Конечно во 1923 година ја напушта Турција, и се враќа во GE, но овојпат на позиција електро инеженер. Со тоа станува првата жена која е професионално вработена како електро инженер. Нејзината животна амбиција конечно била реализирана. По 25 години во компанијата, во 1945 година се пензионирала, но нејизниот професионален ангажман не запира. Продолжува да предава на Универзитетот во Тексас се до 1956 година. Таа  била првата жена универзитетски професор по електротехника во САД.

Clarke 4

Починала во Мериленд во 1959 година, а нејзините достигнувања биле и остнале пример за многумина. Во 2015 постхумно е наградена  со прием во National Inventors Hall of Fame (NIHF).

Таа е една од 22 инженери и научници примени во NIHF кои биле вработени во GE. Меѓу нив, Кларк и физичарката Блоџет се единствените жени.

 

Испрати коментар

Scroll To Top