Основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг, планира да изгради град на брегот на океанот, покрај седиштето на „Фејсбук“ во Сан Франциско, со површина од 80 хектари и да вдоми 10.000 вработени на оваа фирма.
Планот на Цукерберг е наречен “Zee-town”, а градот би требало да биде обезбеден со сите содржини за живот на 10.000 вработени. Во рамките на градот освен резиденцијални објекти, планирано е да има и супермаркети, трговски центри, хотели, кина.
Плацот на којшто треба да почне градењето, „Фејсбук“ го купил за 400 милиони долари и се наоѓа на земјиштето каде моментално е седиштето на компанијата. За проектирањето ќе биде задолжен легендарниот Франк Гери, а инвестицијата вреди околу 200 милијарди долари.