Balkrishna Doshi, исто така познат како B.V. Doshi или едноставно Doshi, е овогодишен Лауреат на Прицкеровата награда. Неговото творештво е обемно и богата со образовни, културни, јавни административни и станбени проекти. Голем е неговиот придонес во архитектонската култура – од основањето Факултетот за архитектура во Ахмедабад (денес познат како Центар за планирање и технологија во животната средина) до коавторство на Habitat Bill of Rights. Сепак, неговите живописно илустрирани концептуални цртежи откриваат многу, ја покажуваат врска на архитектот со градењето, историјата, традицијата, културата и модерната.
Од концептуалната студија за засведените настрешници на Sangath Studio до Vidhyadhar Nagar Masterplan, графичките слики на Доши изгледаат како да ги филтрираат модернистичките идеали преку објективот на неговата родна Индија.
Овие цртежи, потсетувајќи на времето поминато во канцеларијата на Ле Корбизје и нивните подоцнежни соработки, се мешаат со наративноста, симболизмот и енергичноста на минијатурни слики од Mughal. Во идејните цртежи за проектот за социјално домување во Aranya, историското прикажување на бајките прилагодено е во променлив аксонометриски уличен пејзаж на продавачите, возилата и јавниот живот – преговорање помеѓу модерната и традицијата одекнува во архитектурата на Doshi.
Овие цртежи не говорат само за квалитетите отелотворени во неговата архитектура, туку и за самиот архитект.