По повод денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј, денеска во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи традиционалната манифестација „Цртање на асфалт“, во организација на Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје.
На манифестацијата, како што е најавено, учество ќе земат сите градинки од Скопје.
Материјали за цртање (креди во боја), пригодна програма и симболични награди за учесниците, ќе обезбеди ДКЦ „Карпош“.