Црногорското електростопансво (Elektroprivreda Crne Gore – EPCG) старуваше со постапка за инсталирање на две фотоволтаични соларни електрани во хидросистемот Perućica. Електраните ќе имаат вкупен инсталиран капацитет од 3,7 MW. Изградбата на вакви електрани на или во близина на акумулациите на постоечките хидроцентрали е пракса која ја користат многу енергетски компании во регионот. Инаку, хидроелектраната Perućica е најголемата електрана во Црна Гора со инсталирана моќност од 307 MW. Браните нудат низа предности за поставување на фотоволтаици, а такви проекти развиваат и електростопанствата на Босна и Херцеговина, Словенија, албанскиот KESH, романската Hidroelectrica, српската EPS, додека во Турција веќе се завршени неколку проекти.