Насловна / Вести / Црногорски хотелиери размислуваат „зелено“

Црногорски хотелиери размислуваат „зелено“

Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и УНДП, започнаа проект за развој на нискојаглероден туризам чија цел е намалување на емисијата на штетни гасови во секторот туризам, во текот на кој заинтересираните хотели ќе добијат еколошки, односно „зелени“ сертификати.Slovenska-plaza-mapa

Хотелите како објекти важат за големи потрошувачи на енергија, каде енергијата се троши на непотребно осветлување, непрекинато климатизирање на ходниците, и сл. „Зелените“ хотели се стремат кон користење на штедливи и ЛЕД светилки, применуваат системи за управување со енергијата, го намалуваат користењето на штетните хемикалии.EcoGreenHotel-SHS

Од друга страна пак, „зелените“ хотели освен значителните заштеди во трошоци за енергија и енергенти, имаат и сериозна маркетиншка предност, можат да работат преку целата година и имаат поголема конкурентност.MG_5817
Во Црна Гора се присутни три меѓународни сертификациони шеми: EU еко знак, Travellife и Green Globe. Комплексот „Словенска плажа„  има еколошки сертификат уште од 1982 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top