Претставници на црногорската влада и „Ексим банка“ уште преговараат за моделот на финансиска конструкција за автопатот Бар-Бољаре и засега нема информации кога би можел да дојде одговор од кинеска страна, соопшти црногорското министерство за финансии.
Од таму соопштуваат дека имаат активна комуникација со оваа кинеска банка, а која ги опфаќа сите аспекти за изградба на автопатот и транскацииите. Откако кинеската банка ќе го испрати нацрт-договорот за финансирање на проектот, ќе почнат преговорите за деталите.
„Кинеската компанија за телекомуникации и инфраструктура“ и нејзината ќерка компанијата „Кинеска корпорација за изградба на патишта и мостови“, која треба да ги изведува работите, се прворангирани на тендерот за изградба на тој автопат. Тие за приоритетната делница на автопатот од Смоквица до Матешево понудија 809,58 милиони евра.
Кинеската „Ексим“ банка, порано и понуди на црногорската влада кредит со годишна стапка од два насто и рок на отплата од 20 години, со грејс период од пет години.