Насловна / Вести / Црногорците фрлаат најмногу храна на Балканот

Црногорците фрлаат најмногу храна на Балканот

Со оглед на бројот на жители, Црна Гора фрла најмногу храна во споредба со другите земји од поранешна Југославија, предупреди црногорската Банка за храна.

Според извештајот на Обединетите нации, едно лице фрла просечно 83 килограми храна годишно, се наведува во соопштението на Банката за храна.

Големи количини фрлаат не само домаќинствата, туку и продавниците и угостителските објекти, пренесува РТЦГ.

03

„Затоа, се поголем број држави законски ги обврзуваат продавниците и угостителски објекти да не фрлаат храна, туку да ја донираат на оние на кои им е потребна. Во Црна Гора не постои таков закон”, се вели во соопштението по повод Меѓународниот ден на подигање на свеста за фрлање храна.

Претседателката на фондацијата Банка за храна, Марина Медојевиќ, смета дека мора да се работи на едукација на луѓето да не фрлаат храна, да ја купуваат порационално и соодветно да ја складираат.

01

„Најлошото нешто што можат да го направат е да фрлат храна. Големиот број луѓе кои посетуваат контејнери, зборува за тоа дека луѓето се гладни, дека нема соодветна социјална политика и дека храната се фрла”, вели Марина Медојевиќ.

Според нејзините зборови, се очекува бројот на гладни луѓе да се зголеми во наредниот период – поради пандемијата.

02

Таа посочува дека Банката за храна е подготвена за јавна кампања против сиромаштијата и отпадот од храна повеќе од една деценија, но освен декларативна поддршка, немало друга.

Напоменува дека, и покрај бројните апели кои траат, како што вели, полни девет години, црногорската влада се уште не ја усвоила Декларацијата против фрлање храна, како што тоа е направено во Европскиот парламент уште во 2012 година.

Испрати коментар

Scroll To Top