Оваа куќа со полигонална форма наречена Vardehaugen е првиот проект на архитектонското биро Fantastic Norway Architect со седиште во Осло. Сместена е на цврсти, карпести падини на брегот Fosen во Норвешка. Архитектите стратешки ја поставиле куќата за најдобро да се искористи спектакуларниот поглед кон морето. Куќата има три спални соби, дневна соба и трпезарија, и неколку места за уживање на отворено. Остава впечаток геометрискиот облик на објектот, а графичката црно-бела игра на надворешните страни ги дефинираат просторите.