Во седумдесеттите години на минатиот век во Охридското Езеро имало црни лебеди кои заедно со белите претставувале вистинска атракција во градот. Најголемиот непријател на лебедите е човечкиот фактор и во минатото тие страдале од несовесните граѓани.
Црните лебеди се донесени од зоолошката градина од Белград, а потекнуваат од Нов Зеланд и Австралија.
„Најголемиот проблем кај лебедите е човечкиот фактор. Лошиот човек, необрзован, оној што сака да наштети, е опасен за сите лебеди, особено за црниот. Враќањето на црниот лебед во езерото ќе биде голем тест за охриѓани. Негувајте ги лебедите, тие се вистински украс на нашиот град и на езерото. Кога можете хранете ги, дајте им шанса да успее и црниот и давајте идеи како да направиме животинскиот свет на езерото да биде уште побогат, уште поразноврстен. На крајот на краиштата ова е добра акција за привлкување повеќе туристи“, изјави Зоран Тунтев од лајонс клубот „Лихнидос“.
На иницијатива на „Лихнидос“ беа донесени и два бели пауни кои сега се вистинска атракција во манастирскиот комплекс Свети Наум.