Реномираниот научник Стивен Хокинг неодамна одржи предавање на универзитетот Харвард, каде што зборувал за астрофизика, поточно на тема црни дупки – за кои истакнал дека е можно да се портали до други димензии.
На предавањето, Хокинг изјавил дека информациите што се „вшмукуваат“ од страна на црната дупка, можеби се чуваат во некој паралелен универзум.
Физичарот ги споредил црните дупки со хард дискови, но откривањето на тоа како ги чуваат информациите е „една од најголемите мистерии која работиме да ја откриеме“, вели Хокинг.
Според Хокинг, информациите што ги вшмукува црната дупка е како запалена енциклопедија.
„Информацијата не е изгубена, ако го чуваш пепелот. Но тешко е да се прочита.“
Хокинг е дел од иницијативата на универзитетот Харвард, со уште неколку научници, за развивање на посебна истражувачка и едукативна програма за истражување на таканаречените црни дупки.